Ќерката на Јелена се роди со половина лице – не можеше да зборува и со години се мачеше, а сега им се врати со насмевка на лицето
Неверојатна приказна за едно мало девојче
По операцијата во Велика Британија Дарина Шпенглер (6) која се роди без половина лице се вати во Русија со насмевка на лицето. На аеродромот во Москва му се фрли во прегратките на својот татко Јуриј (49), а мајката Јелена ги бришеше солзите радосници додека ја слушаше својата ќерка како весело зборува за нејзиното патување во Лондон.
Но неа ја чека уште долг период на лекување бидејќи за неколку месеци повторно треба да отпатува во познатата лондонска болница „Грејт Ормонд Стрит“ за да и бидат направени горната вилица и усните.
Кога Дарина се родила, докторите ги советувале нејзините родители дека случајот е безнадежен и да го остават бебето во породилиштето поради тешките недостатоци со кои се родило. Но Јуриј и Јелена не сакале својата ќерка да ја остават во сиропиталиште и ја чувале со сета љубов.
И конечно, по многу безуспешни обиди, читателите на „Сиберијан Тајмс“ успеале да соберат 82.000 долари со кои малата Дарина отпатува во болницата каде и беше направена првата операција на лицето. Кога стигнала во Лондон не можела да зборува и била тешка одвај 11 килограми, што е просечна тежина за дете од една година.
Таа поради својата деформација не смеела да оди во градинка бидејќи другите деца се плашеле од неа. Поради тоа се чувствувала осамено, а дури и некои членови од семејството ја избегнувале.
Но денес благодарение на хуманоста на читателите на „Сиберијан Тамјс“ Дарина зборува, а наскоро докторите од познатата лондонска болница ќе и ги направат и горната вилица и усните. Таа беше снимена на московскиот аеродром, а потоа од таму замина до далечната Краснојарска Покраина во Сибир, каде што живее со своите родители.
Нејзината операција траела 11 часа, а по неа хирурзите Дејвид Данавеј и Надим Саид изјавија: „И направивме на Дарина мала вилица. Ја поставивме добро и пресадивме кожа во пределот на вратот.“ Во следната фаза тие ќе и ја коригираат усната, а до тогаш повторно ќе треба да се обратат до хуманите граѓани за да соберат пари за операциите.