Реклама
Наши ѕвезди

Ќерката на Цеца во најубавиот фустан што сме ја виделе досега

Реклама

Одлично издание на Анастасија

Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ

Ќерката на Цеца која по објавувањето на нејзините нови хитови важи за една од најслушаните млади пејачки во регионот, на 30 мај 2019 година го прослави својот 21 роденден. На роденденската прослава покрај бројни познати личности можеби најмногу внимание привлекуваа Цеца и нејзината снаа Богдана кои се појавија во елегантни тоалети.

Но Анастасија по забавата на Инстаграм објави фотографија на која позира во потполно различен фустан од оној што го носеше на забавата.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ

Во прашање е раскошен долг фустан во светла, розова нијанса со кој ги воодушеви дамите на Инстаграм. Горниот дел од фустанот е корсет и е од тил, додека долниот кој исто така е од тил, паѓа до подот. Фустанот има асиметричен крој што му дава драматичен изглед, а таква е и шминката.

Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ

Имено, младата пејачка избра розова сенка за очи и кармин во слична нијанса како и фустанот, а очилата за сонце се со интересна рамка  во „вамп“ стил со кои ќерката на Цеца изгледа како вистинска рок принцеза.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button