Анастасија Ражнатовиќ во атрактивно издание
Наследничката на најголемата ѕвезда на Балканот Светлана Цеца Ражнатовиќ, Анастасија, отпатува во Лисабон.
Младата трендсетерка која неодамна заплови во музичките води во португалската престолнина замина заедно со своите пријателки, па на социјалните мрежи објави една фотографија со која ги воодушеви нејзините верни обожаватели.
Сопственичката на хитовите „Совршен пар“ и „Рани“, со кои преку ноќ го покори „Јутуб“ и ја освои публиката, претежно од помладата генерација, позираше во минич со длабоки црни чизми, а целото издание го заокружи со деколтирана маица со која никого не остави рамнодушен.
Кусото здолниште ги откри нејзините убави нозе, а ако судиме според коментарите на социјалните мрежи, Анастасија никогаш не изгледала подобро. Во продолжение погледнете уште неколку нејзини феноменални изданија кои покажуваат дека има прекрасен стил.