Ќерката на Сузана Спасовска никогаш го нема видено својот татко – ФОЛКЕРКАТА не ја крие својата тажна животна приказна
Таа денес е најсреќната баба меѓу нашите ѕвезди
Малкумина знаат дека Сузана својата ќерка ја има добиено со партнер со кој откако се разделиле, таа никогаш повеќе не го видела својот тако.
Една од нашите најпознати фолк пејачки, Сузана Спасовска, која секогаш не разгалува со своето прекрасно пеење и вонсериски глас, ги растажи своите бројни обожаватели со нејзината животна приказна која во една емисија ја има споделено со јавноста. Имено таа во една пригода како гостинка во емисијата на популарната водителка Елена Стефановска, „Живот со стил“, искрено зборуваше за својата музичка карира, но и со приватниот живот.
Таа тогаш откри дека нејзиниот партнер со кого ја добила ќерката Теона по година дена заминал и ја нема видено од бебе.
Но за среќа, Спасовска како самохрана мајка се изборила со сите предизвици и денес е горда на својата ќерка, но и на внуката Клара.
„Никогаш не бев мажена, а ќерка ми ја добив во вонбрачна заедница“, изјави македонската пејачка тогаш.
Инаку, Теона пред две години се омажи за Виктор Велковски кој ја запроси во јануари 2019 година.
Свадбата беше убава и весела, а покрај невестата во центарот на вниманието беше и нејзината мајка која цело време играше и пееше.
Но Спасовска беше уште посреќна кога нејзината ќерка се породи и на овој свет ја донесе малата Клара.
Инаку, Теона речиси никогаш не се експонира во јавноста, но се има појавено во неколку спотови на својата мајка.
Таа е мошне активна на социјалните мрежи, а неодамна сподели неколку фотографии од првиот роденден на Клара.
Од друга страна и нејзината мајка ги изненади сите, кога нејзината песна изведена на Лешочки Фолк Фест ја посвети токму на Клара.
„Бабо, бабо, бабо, радост имаш бабо, внуче да си галиш, душа да си подмладиш… Ве сака баба Сузана, баба на Клара!“ напиша тогаш Спасовска на Фејсбук.
Фото: Фејсбук/ Теона Спасовска Велковски
Фото: Фејсбук/ Сузана Спасовска
Фото: Фејсбук/ Сузана Спасовска
Фото: Фејсбук/ Сузана Спасовска
Фото: Фејсбук/ Сузана Спасовска
Фото: Фејсбук/ Сузана Спасовска
Фото: Фејсбук/ Сузана Спасовска
Фото: Фејсбук/ Сузана Спасовска
Фото: Фејсбук/ Сузана Спасовска