Ќерката на Силви реши да тргне по стапките на своите ПОЗНАТИ РОДИТЕЛИ – изгледа прекрасно, на кого повеќе ви личи?
И нејзината наследничка се занимава со музика
Ќерката на познатата македонска пејачка Силви Плевнеш, што ја има добиено од бракот со Влатко, е беспрекорна убавица која освојува како со својот шарм така и со својата прекрасна насмевка со која ги воодушевува сите.
Деаделина или Деа како што нагалено ја викаат сите, веќе одамна чекори по стапките на своите родители.
Таа дипломираше на светскиот Универзитет во Амстердам ЕСАЕ Институт, а нејзините родители се многу горди на нејзиниот успех.
Покрај својот талент што го наследила од своите познати родители, Деа на социјалните мрежи ги воодушевува сите и со својот природен шарм, а неодамна исплива и една фотографија на која можеме да видиме како се забавува со својата мајка, додека се излезени во еден познат скопски бар.
Интересно е тоа што на фотографијата изгледаат повеќе како другарки, отколку како мајка и ќерка, па следуваа голем број комплименти и за познатата пејачка која навистина изгледа занесно за свои години.
Таа во оваа пригода носеше капут со леопард дезен, додека нејзината ќерка пленеше со својата необична фризура.
Инаку Деа веќе неколку години живее во Холандија каде што дипломираше џез-тапани, а работи и како диџеј. Таа на социјалните мрежи често споделува фотографии од своите активности, од кои можеме да видиме дека е поприлично успешна и дека ужива во она што го работи.
Таа се опушта со јога и медитација, а како изгледа и дали личи на својата мајка или на татко, погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм/ Деа Плевнеш
Фото: Инстаграм/ Деа Плевнеш
Фото: Инстаграм/ Деа Плевнеш
Фото: Инстаграм/ Деа Плевнеш
Фото: Инстаграм/ Деа Плевнеш
Фото: Инстаграм/ Деа Плевнеш
Фото: Инстаграм/ Деа Плевнеш
Фото: Инстаграм/ Деа Плевнеш
Фото: Инстаграм/ Деа Плевнеш
Фото: Инстаграм/ Деа Плевнеш
Фото: Инстаграм/ Деа Плевнеш
Фото: Инстаграм/ Деа Плевнеш
Фото: Инстаграм/ Деа Плевнеш