Ќерката на Милојко е дупло e постара од неговата свршеничка. Таа е позната водителка и е во очајна состојба поради нејзиниот татко
74 годишниот пензионер Милојко Божиќ и неговата 53 години помлада свршеничка, Милијана Богдановиќ (21) станаа вистинска сензација во регионот откако јавноста дозна за нивната голема љубов.

Тие решија да влезат во српското ријалити шоу „Парови“, но семејството на Милијко не му дозволува да го направи тоа. Не се знае кој од семејството е против неговото појавување пред камерите, а српските медиуми откриваат дека неговата ќерка всушност е позната водителка.

Имено, во прашање е Јасна Божиќ, поранешна водителка на утринска програма во една српска телевизија.

Како што пренесе српскиот Курир, тие стапиле со неа во контакт, но таа не сакала да го коментира љубовниот живот на Милојко. Според нивни извори, таа е очајна поради медиумското експонирање на нејзиниот татко, како и заради неговата врска со оваа 21 годишна девојка.