Ќерката на Мелита во костим за капење што го сокрива ВИШОКОТ на стомакот – жените го обожаваат
Многу дами ќе се заљубат во овој модел на прв поглед
Овој модел на костим за капење е магичен
Ќерката на поранешната водителка Мелита Ракичевиќ, Барбара Ракичевиќ, плени со секоја своја објава на социјалните мрежи.
Таа овој пат покажа еден модел на костим за капење кој е совршен избор за сите оние што планираат да одат на одмор во септември.
Во прашање е модел кој има волшебна моќ да ги сокрие недостатоците на телото, посебно во пределот на стомакот.
Фото: Инстаграм/ Барбара Ракичевиќ
Барбара секако дека нема потреба да сокрива ништо на себе, во што можевме да се увериме и во текот на претходните месеци.
Фото: Инстаграм/ Барбара Ракичевиќ
Но таа реши да заблеска и во еден ваков модел, во кој изгледаше како модна икона и никого не остави рамнодушен.
Фото: Инстаграм/ Барбара Ракичевиќ
Во прашање е едноделен костим за капење со животински дезен кој има волшебна моќ да го сокрие вишокот.
Моделот е со врвки во предниот дел кои го одвлекуваат вниманието, но и со малку повисок долен дел, така што на Барбара и се гледа белите линии околу колковите кои не беа доволно изложени на сонце.
Фото: Инстаграм/ Барбара Ракичевиќ
Па доколку барате модел со кој би можеле да го сокриете стомакот на плажа, ова би можел да биде вистинскиот избор за вас.
Фото: Инстаграм/ Барбара Ракичевиќ
Барбара едноставно блескаше во него, за што зборуваат и бројните комплименти што ги доби од своите фанови на Инстаграм.
„Македонска убавица“, „Која грациозност, која префинетост, прекрасна млада дама“, беа само некои од нив.
Фото: Инстаграм/ Барбара Ракичевиќ
Во продолжение погледнете уште неколку нејзини изданија од ова лето за кои сме повеќе од сигурни дека ќе ви се допаднат.