Ќерката на Маја Оџаклиевска сподели прекрасна вест и ги израдува сите на социјалните мрежи – голема радост во нивниот дом!
Ќерката на македонската пејачка го покажа трудничкото стомаче.
Во семејството на Маја Оџаклиевска има голема причина за среќа. Лицето на пејачката е повторно насмеано после долго време.
Изминатиов период се случија убави работи кои ја израдуваа Оџаклиевска.
Нејзината помала ќерка Андреа застана на лудиот камен. Таа му кажа да на нејзиното долгогодишно момче Милош Живковиќ, брат на познатата српска манекенка Дејана Живковиќ.
На социјалните мрежи беа објавени фотографии од нивната свадбена церемонија. Сѐ беше уредено како во бајка.
Доказ дека убавината е наследна е Андреа која е вистинска убавица како и нејзината мајка.
Андреа и Милош се зколнаа на вечна љубов во црквата Александар Невски во Белград, а потоа направија вистинска мала семејна веселба на отворено, во еден локал на брегот на реката Сава.
Откако се венчаа во црква според познатите црковни православни обичаи, од пред божјиот храм младите беа дочекани и испратени со плех музика и трубачи, а зетот Милош, добро ги награди музичарите.
Поради пандемијата коронавирус, бројот на гости беше ограничен, но забава не недостасуваше. Сите се забавуваа на музика во живо.
Она што сите ги израдува е прекрасната вест што ја сподели Андреа. Имено таа и Милош го очекуваат своето прво дете, а нејзиното стомаче веќе беше видливо и на свадбата.
Андреа на Инстаграм сподели и своја фотографија на која го држи стомачето, па напиша емотивна порака:
„Таму каде што расте надеж, таму чуда процветуваат“.
Деновиве таа сподели фотографии на кои се гледа дека таа е веќе во поодмината бременост и дека бебето наскоро ќе дојде на овој свет.
„Уште малку, уште малкуууу”, пишува во опис на фотографијата.
Таа секогаш пишува емотивни пораки посветени за нејзината мајка. „Другарка мајка“, напиша на една нивна заедничка фотографија на која премногу се гледа сличноста меѓу нив.
„Знам дека ќе бидам успешна, професионална, убава жена, затоа што ги имам твоите гени. Твојата љубов и поддршка ми значат ѐ, мама“, напиша Андреа на Инстаграм.
Ова ќе биде втора радост за Маја. Таа веќе го има внукот Лука од првата ќерка Теа, за кој таа ја има преземено грижата.
Маја долги години не е во добри односи со ќерката Теа и самата се грижи за својот внук, со помош на неговиот татко.
„Теа си замина. Јас самата се грижам за внукот. Не можам многу да зборувам за тоа“, рече во едно интервју Оџаклиевска.
Семејството сѐ уште нема споделено дали второт внуче ќе биде момче или девојче, но сите со нетрпение го очекиваат.