Ќерката на Карлеуша објави ТАЖНА ФОТОГРАФИЈА – емотивен момент што нема да го заборави никогаш
Ника Тошиќ се присети на својата почината баба
Во прегратки со својата сакана баба
Ника Тошиќ, ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, објави „стори“ на кое е со Дивна, нејзината баба.
На фотографијата тие и двете се среќни, за што зборуваат и нивните насмевки, а беше објавена заради посебен повод.
Имено, овој ден беше еден од најсреќните во семејството на Карлеуша бидејќи го славеа роденденот на Дивна Карлеуша.
Принтскрин/ Инстаграм
Но откако мајката на Јелена почина, тие со болка ќе се сеќаваат на неа и на овој ден ќе споделат по некој заеднички спомен.
Принтскрин/ Инстаграм
Тоа го направи и пејачката која исто така се присети на овој ден на својата мајка, со фотографија и емотивните зборови:
„Среќен роденден, мама… Денес ќе наполнеше 66 години“, напиша Јелена под фотографија со Дивна и нејзината препознатлива насмевка.
Принтскрин/ Инстаграм
Потсетуваме, Дивна Карлеуша почина во 2019, на 61 годишна возраст, а ЈК неретко во своите гостувања се присеќава на неа и секогаш зборува колку била поврзана со својата мајка.