Ќерката на Велија Рамковски во бикини го освои Инстаграм – покажа колку е еластична и ги воодушеви сите со своето убаво тело

Лејла Рамковска на социјалните мрежи редовно објавува фотографии на кои се гледа како вежба јога.

Фото: Инстаграм/ Лејла Рамковска

Таа е една од најпознатите инструкторки по Аштанга јога во Македонија, а на социјалните мрежи редовно објавува фотографии на кои се гледа како ја практикува оваа древна вештина. Во интервју за нашиот магазин, Лејла ни откри што преставува јогата за неа (интервјуто можете да го прочитате тука), но и дека практикувањето јога влијае како на надворешниот изглед, така и на внатрешниот, односно на нашите емоции и чувства.

Таа неодамна објави неколку фотографии на кои се гледа како на плажа, во костим за капење, ја вежба оваа древна источна вештина, покажувајќи ја својата еластичност и издржливост додека изведува стој на глава.

ADVERTISEMENT

Фото: Инстаграм/ Лејла Рамковска

Лејла го искористи топлото време и покрај опуштањето на плажа, реши и да направи неколку јога пози, а нејзините следбеници на Инстаграм се воодушевени како од нејзината еластичност, така и од фактот што позираше во бикини и го покажа своето совршено тело.

Фото: Инстаграм/ Лејла Рамковска

Еве уште неколку пози на Лејла …

Фото: Инстаграм/ Лејла Рамковска
Фото: Инстаграм/ Лејла Рамковска
Фото: Инстаграм/ Лејла Рамковска
Фото: Инстаграм/ Лејла Рамковска

 

Facebook Comments
(Visited 2.232 times, 1 visits today)