Ќерката на Анета и Џими Молика преку ноќ порасна и стана ВИСТИНСКА УБАВИЦА – на матурската фотографија целата е на мама!

Македонската фолк дива Анета Мицевска гордо го покажа успехот на нејзината ќерка.

Анета Мицевска важи за еден од најдобрите вокали во Македонија, а долги години е дел од групата „Молика“, па токму затоа сите ја препознаваат како Анета Молика.
Нејзиниот сопруг Џими Мицевски исто така е дел од „Молика“, па тиер се вистински пример дека партнер од иста професија не е воопшто лошо. Анета и Џими се повеќе од 18 години во брак, а 2 години претходно биле во врска.
Плод на нивната љубов е нивната ќерка Моника.

Моника е вистинска убавица, која својата убавина очигледно ја има наследено од својата мајка и неверојатно многу потсетува на Анета.
Таа е нивната среќа и причина за живот.
Моника има талент за музика, но не и желба да се занимава со таа професија. Таа учи да стане стоматолог.

Анета постојано објавува фотографии со својата наследничка на која е особено горда.
Она што ѝ претставува тешкотија во нејзината професија е моментот кога поради работните ангажмани и патувања мора да се одвои од својата убавица.
Но, човек понекогаш може да направи некаква жртва за да ја достигне зацртаната цел.

Пејачката деновиве сподели фотографија на Инстаграм со која ги воодушеви своите фанови. Таа сподели фотографија од Моника направена за матурантското табло. Останува на Моника да одлучи дали ќе продолжи на медицина, или сепак ќе се определи за музика.

Фотографијата доби многу лајкови и низа честитки од следбениците на пејачката.
Освен за пеење, се чини дека Моника е талентирана и за готвење.
Пејачката објави фотографија на Инстаграм стори каде нејзината ќерка Моника умешно подготвува јадење и во описот напиша „Кој си знае, си знае“.

Дали Моника освен што знае да направи вкусни палачинки или знае да подготви уште вкусни работи не можеме да знаеме, но знаеме дека Анета и Моника го користат секој момент да уживаат заедно и да го негуваат нивниот однос не само како мајка и ќерка туку и како вистински другарки.
Анета на Инстаграм сподели и стара фотографија на која Моника е бебе, со која ги разнежни сите.

Поради професијата, Анета многу пати била отсутна од дома и често отсуствувала и од важни моменти. Во тие денови многу е важно да се има помош при воспитување на детето.
„Спомени од срце“, напиша во оспиот на фотографијата.

Пејачката откри кој најмногу ѝ помагал во изведувањето на прав пат на Моника.
„Воопшто не ми е лесно. Но, за секоја една работа мора да постои жртва. Во нашиот случај тоа е нашата ќерка Моника. За среќа тука се моите родители, кои се грижат за неа исто како што би се грижела и јас. Многу ми недостасува бидејќи постојано сме на пат. Но, сите имаат разбирање за нашата работа“ изјави пејачката во едно интервју.

Нејзината мајка Лилјана никогаш не се експонира во јавност, но е најголема поддршка на пејачката.
Во интервју за Свет Австралија Лилјана откри дека Анета уште на 3-годишна возраст покажала знаци дека ќе стане успешна пејачка.

Она што е интересно е тоа дека Лилјана по професија е шнајдерка и токму таа е задолжена за изгледот на пејачката на одредени случувања.

Лилјана ја следела Анета на сите настапи и гостувања додека била малолетна, а откако пејачката веќе била доволно зрела за сама да се пробива на сцената, Лилјана одлучила да го бодри своето дете од позадина.



















