Реклама
Новости

Ќелава, среќна и потполно непрепознатлива – погледнете како денес изгледа Кончита Вурст

Реклама

Победничката на Евросонг 2014, Кончита Вурст објави фотографии на нејзиниот Инстаграм, на кои изгледа сосема непрепознатливо.

Австриската модна и музичка икона се прослави со нејзиниот настап на Евровизија, а покрај одличната победничка песна внимание привлекуваше и со својот изглед – комбинација на карактеристична црна брада, долга коса и силна шминка, што на многумина таа година не им се допадна.

Маркетинг

Таа сега е ќелава, а нејзиниот нов изглед го покажа во вечерен фустан. Освен што ја избричи главата, Кончита одлучи да не ги бричи градите и нозете.  Во тоа издание се појави на Европрајд, што се одржа во Виена. Таа вели дека никогаш не била посреќна во нејзината кожа.

Маркетинг

 

Нејзиното појавување повторно ја подели јавноста, а додека некои мислат дека изгледа генијално, други се плашат и се прашуваат каде оди овој свет.

Кончита Вурст денес има 30 години и се уште е една од најпопуларните ѕвезди од Евровизија. Една година по освојувањето на Евросонг, таа напиша книга и позајми глас во анимираниот филм „Пингвините од Мадагаскар“.

https://www.instagram.com/p/BuPAdTTlOiE/

 

Минатата година, таа призна дека веќе неколку години е ХИВ позитивна.

„Веќе неколку години сум ХИВ позитивна. Тоа всушност е ирелевантно за јавноста, но поранешното момче ми се заканува дека ќе ги објави овие лични податоци и никогаш нема да му дадам на некој право да ме плаши или да влијае на мојот живот заради тоа“ изјави тогаш Кончита.

 

https://www.instagram.com/p/BuQsEsghatN/

 

Таа рече дека се лекувала откако ја дознала дијагнозата и дека со години количината на вирусот е под нивото што може да се открие и затоа не е заразна.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button