Љубиша кој ги загуби родителите од коронавирус остави најтажен статус: „Отиде и мојата сестра, сега сум вистинско сираче“
Коронавирусот го однесе и животот и на Љиљана Ракиќ (47) од населбата Јагодњак во Параќин, а таа е трета жртва од оваа болест во едно семејство. Остана само нејзиниот брат Љубиша (43) кои и пред неа ги изгуби и родителите.
Тој вчера на Фејсбук остави најтажен статус.
– Е, отиде и сестра ми, сега сум вистинско сираче – напиша Љубиша на својот Фејсбук профил.
Неговата сестра Љиљана почина во КБЦ Земун каде лекарите се бореа за нејзиниот живот.
Сите се надеваа дека Љиљана ќе ја добие битката против короната зошто неодамна беше симната од респираторот, но работите во последните два дена се искомплицираа. Љиљана почина во болнциа во Белград, ден откако состојбата и се влоши, кога е повторно вратена на респиратор.
Пред речиси четири недели почина таткото на Љубиша, кој одел на дијализа во болницата во Ќуприја, а неколку дена подоцна и неговата жена.
Нивниот син Љубиша мораше во домашна изолација, додека неговата сестра беше во Клиничко-болничкиот центар Земун во тешка состојба.