Јохан Тарчуловски сподели преубава вест – честитки пристигаат, ова е посебен ден за неговото семејство
Неговата наследничка денес го прослави 19-от роденден
Не може да биде посреќен
Јохан Тарчуловски е горд родител на три деца што ги има добиено со својата сопруга фолк-пејачката Соња Тарчуловска.
Нивните деца, Мелани, Младен и Јоана се круна на нивната љубов, а најстарата од нив денес го прослави својот 19-ти роденден.
Имено, Мелани која тргна по стапките на својата мајка денес славеше роденден, а меѓу првите и го честиташе нејзиниот татко.
Инстаграм/ Јохан Тарчуловски
„Мелани, среќна 19-ка“ напиша Јохан врз една заедничка фотографија на која позира заедно со својата наследничка.
Инстаграм/ Соња Тарчуловска
Фотографија со преубава емотивна порака објави и Соња Тарчуловска која исто така не можеше да сокрие својата радост.
Инстаграм/ Соња Тарчуловска
Таа досега многу пати истакнала дека нејзините деца се нејзината најголема радост, посебно кога ќе види во какви личности се развиваат.
Инстаграм/ Соња Тарчуловска
Потсетуваме, Јохан и Соња се во брак скоро 20 години, а само неколку недели откако се роди Мелани Тарчуловски беше однесен во Хаг. Нејзиниот брат се роди две годни подоцна, а најмалата сестричка Јоана се роди во 2015 година.