Реклама
Наши ѕвезди

Јордан Митев заедно со Наумче и Зуица направија лом – нашинците од Австралија нема да му го заборават ова

Голем музички настан за независноста на Македонија на плоштадот Автокоманда во Гази Баба

Реклама

Познатиот пејач им приреди одлична забава на гостите

Познатиот македонски фолк-пејач Јордан Митев одржа генијален настап по повод прославата на 8. Септември.

Познатиот фолк-пејач настапи на прославата организирана од општина Гази Баба која започна во четвртокот во 19.30 часот на плоштадот Автокоманда, а покрај Јордан Митев гости на настанот беа и групата Синтезис, потоа пејачот Наум Петрески и неговата сопруга и колешка Зуица Лазова и пејачката Александра Јанева.

Маркетинг

Скопјани и гостите на главниот град имаа прилика да уживаат на плоштадот Автокоманда во песните и музиката на нашите познати изведувачи, а по прославата Јордан Митев објави фотка од настанот со која ги воодушеви своите бројни фанови.

Маркетинг
Фото: Принтскрин/ Фејсбук

Инаку, познатиот фолк-пејач изминативе неколку дена се најде во центарот на вниманието и заради прославата организирана од Општинската организација на СДСМ во Кисела Вода која предизвика бура од реакции на социјалните мрежи.

Фото: Принтскрин/ Фејсбук

Имено, некои од музичарите кои беа најавени на прославата што се одржа во Пеленица по повод Денот на независноста решија да ги откажат своите настапи заради притисокот од страна на поединци како од Македонија, така и од нашата дијаспора.

Фото: Фејсбук/ Јордан Митев

Еден од нив беше и Јордан Митев кој се огласи и објасни дека нема да биде дел од овој настан затоа што е политички одбележан, а кога се договарал со организаторите тоа не му било соопштено.

Како што напиша на Фејсбук, Митев се чувствувал изманипулирано од страна на организаторите на настанот бидејќи не го информирале дека истиот ќе биде партиски одбележан и дека ќе има одредена партиска цел, вели тој во своето обраќање.

Фото: Фејсбук/ Бобан Стефковски

Како што истакнува самиот Митев во својот пост, без разлика дали станува збор за намерна или ненамерна грешка од страна на организаторите, тој како професионалец нема да учествува на настанот, иако претходно беше најавен во плакатот од страна на Општинската организација на СДСМ- Кисела Вода.

По неговата реакција, тој беше тргнат од плакатот, а на негово место се најде пејачот Ефто Пупиновски, кој исто така реши да го откаже настапот.

„Почитувани фанови да се настапи за Денови на независноста на мојата земја Македонија, како автор и изведувач на македонска музика за мене е голема чест. Тој празник е за сите коишто си ја сакаат и почитуваат својата земја, и истиот сметам дека не треба да биде политизиран или одбележан со партиски симболи“, напиша Јордан Митев во својата објава на Фејсбук.

Фото: Принтскрин/ Фејсбук

Тој исто така појасни дека имал повеќе покани за настапи за празникот од кои едната е на плоштадот во Автокоманда, додека другата од оној во Пеленица, којашто пејачот на крајот ја одби.

Фото: Фејсбук/ Наум Петрески

Покрај него на прославата во Пеленица не настапија ни Ефто Пупноски кој беше најавен како негова замена, а се откажа и брачниот пар Татјана и Новица Василевски, како и пејачката Адријана Кеш.

За разлика од нив Сузана Гавазова, Сања Барби и Благоја Гројовски решија да не се откажуваат, а повеќе за ова прочитајте тука.

Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова

Гавазова на настапот во Пеленица

Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button