Реклама
Интервју

Јован Јованов: „Во Америка само небото е граница“

Реклама

Пејачот од групата „Магија“, подоцна продолжи со соло кариера, а сега веќе е истакнат докажан автор, композитор и изведувач. Јован Јованов веќе неколку години живее и работи со своето семејство во Канада, како што вели дека љубовта го натерала за тој чекор.

Веќе 5 години со своето семејство живееш, но и работиш во Канада, зошто ја одбравте токму Канада да се преселите?

Маркетинг

Мојата желба беше од секогаш а и сеуште е да живам во Калифорнија САД. Поточно во околината на Лос Анџелес. Таму се гледам себе си, тоа е најдоброто место за мојата професија. Јас во 2014 бев таму да се усовршам за саунд инжинер. Канада ја одрав како најблиска држава до САД. Држава преку која може да се успее токму каде што сакам. А таму заминав оти добив иселеничка виза. Во Америка бев со студентска виза и после некое време требаше да заминам.

Каква е разликата за работа со музика во Македонија и таму?

Маркетинг

Треба посветеност и упорност да се успее секаде. Во северна Америка музика е огромен бизнис. Но затоа 90% од музика што се слуша низ светот потекнува токму од тука. Македонија е мал пазар за музички бизнис. Јас во секој дел на музичкиот бизнис бев инволвиран додека живеев таму. И никогаш не бев нешто посебно задоволен. Неможеше ништо да ме воодушеви зошто моите критериуми се големи. Почнав многу мал и после долго време работа немав повеќе педизвици таму. Одвека имам. Тука само небото е граница.

Може ли повторно да го видиме Јован на некоја од фестивалските сцени во Македонија како изведувач?

Па тоа тешко хаха . Јас престанав со пеење во 2009 година. Веќе имам други цели со музиката, други видици и желби што се многу далеку од фестивалска сцена како изведувач. Јас сеуште учествувам на македонски фестивали како автор. Еве и оваа година ке имам песна на Макфест во изведба на една млада талентирана девојка Славица Ангелова. Се додека имам време би учествувал како автор. Сите фестивали ми се драги зошто сум израснал со нив.

Што ве натера да си заминете од Македонија?

Едноставно поголемите предизвици ме натераа да си заминам, желбата за повеќе, остварување на сонот од моето детство. Љубовта кон музиката.

Што следно може да очекуваме од Јован?

Незнам што би сакале да очекувате, јас за себе си очекувам голем успех, исполнетост и задоволство. Патот до тој успех е тежок и долг но е многу интересен и возбудлив

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button