Јована од Сител во никогаш посекси издание се прошета низ центарот на Скопје – сите погледи вперени кон неа
Познатата македонска водителка во заводливо издание се прошета низ Центар.

Јована во оваа комбинација со сигурност ги привлече сите погледи.
Од ден во ден изгледа сѐ подобро и каде и да се појави мами воздишки со изгледот.
ФОТО: Инстаграм / Јована Стојменовиќ
Долги години работи во својата матична Сител телевизија и е дел од утринската програма.
Со својата смиреност и шарм внесува позитивна енергија во сечиј дом секое утро.
Јована се вбројува меѓу жените кои стареат како виното.
ФОТО: Инстаграм / Јована Стојменовиќ
За неа времето како да стои и таа воопшто се нема променето од почетокот на својата кариера до сега.
Без оглед што утрото ѝ почнува многу рано, таа се труди секогаш да е средена од глава до пети, насмена и ведра.
ФОТО: Инстаграм / Јована Стојменовиќ
Не сака многу да експериментира со изгледот и го негува елегантниот и дамски стил на облекување.
Препознатлива е по долгата костенлива коса.
ФОТО: Инстаграм / Јована Стојменовиќ
Јована сме навикнати да ја гледаме во костуми и кошули, закопчана до грло, но сега на Инстаграм сподели видео облечена во кожен и прилично тесен црн фустан, кој одлично ја оцртува нејзината совршена фигура.
Во оваа комбинација Јована се прошета низ центарот на Скопје, а сигурни сме дека никој не оставила рамнодушен.