Јелена Спенџарска си блеска покрај саканиот, гори Инстаграм од овие нејзини фотографии
Нашата позната водителка го „запали“ Инстаграм со фотографија на која блеска во зелено бикини
Нашата позната водителка Јелена Спенџарска на социјалните мрежи редовно објавува фотографии од своето секојдневие.
Водителката сега сподели неколку фотографии на кои е во костим за капење и покажа како ужива покрај морето.
Јелена веќе некое време престојува кај своето момче во Солун и често со своите објави покажува како уживаат во животот покрај морето.
Фото: Инстаграм/ Јелена Спенџарска
Таа овој пат позираше во дводелен костим за капење во зелена боја во кој изгледаше како манекенка и сите ги воодушеви.
Фото: Инстаграм/ Јелена Спенџарска
Тоа впрочем се однесува и за нејзиниот коментар што го остави во описот на фотографиите, а во кој вели:
„Мажите не се комплицирани! Тој не инвестира во тебе зашто не си му вредна! Не трча по тебе затоа што не те сака! Уште се гледа со тебе кога ќе му текне зашто ти тоа му го дозволуваш ! Не ти го дава тоа што го сакаш затоа што не се плаши да те изгуби!
Затоа жени, престанете да си измислувате изговори!“, напиша Јелена и ги воодушеви припадничките на понежниот пол меѓу своите следбеници.
Фото: Инстаграм/ Јелена Спенџарска
Многумина и порачаа дека изгледа прекрасно во ова издание, но и дека 100 % се согласуваат со овие нејзини зборови.
Водителката потоа објави уште неколку фотографии, на кои повторно е покрај море, само што овој пат покажа и како плива и ужива со саканиот, но и повторно ја откри својата беспрекорна линија.
Како Јелена изгледаше и во ова свое издание, погледнете во продолжение…