Иако на прв поглед звучи малку необично, девојките од цел свет полудеа по овој тренд ….
Од кожен тренч мантил до металик градник, Ким Кардашијан носи „бициклистички“ речиси во секое можно издание – и како што вообичаено се случува, со своите необични изданија го руши интернетот, но и ги диктира трендовите.
Па така откако ги „фураше“ речиси во сите возможни и невозможни изданија, носењето „бициклистички“ во класични изданија стана голем хит во светот на модата. Дека тоа е така можеме да видиме и симпатичната водителка Јелена Спенџарска која ги носеше со бела „оверсајз“ кошула и тренди блејзер со леопард дезен.
Имено, нашата позната водителка важи за девојка која будно ги следи трендовите, а со ова смело Ким Кардашијан издание ги воодушеви сите.
Погледнете уште неколку изданија на Јелена Спенџарска, но и на Ким во кои тие носат бициклистички.
Во комбинација со кожен мантил …
Ким повторно во кожен мантил, но овој пат со дуксер и ПВЦ високи потпетици.
Со кожна јакна богато украсена со нитни, боди, чокер огрлица и црвени сандали со високи потпетици.
Јелена во бициклистички со тренди розова блуза, спортски ранец и феноменални спортски патики.