Јелена Розга го покажа своето совршено тело во минијатурно фустанче и ги воодушеви сите

Јелена Розга на своите обожаватели им испрати новогодишна порака на која позира во кратко фустанче.

Во прашање е црн модел од тантела, со долги ракави и полупроѕирен долен дел, кој пејачката го носеше со тенки високи потпетици и изгледаше мошне провокативно.

ADVERTISEMENT

„Бидете среќни и радувајте му се на секој момент.. we live only once! ” напиша Розга позирајќи потпрена на ѕид во ултракраткиот фустан од хрватскиот дизајнер Иван Алдук со кој ја нагласи својата совршена линија.

 

Ова не е единственото празнично издание што Јелена го објави деновиве на Инстаграм. Таа и на самата Нова година позираше во шик метален фустан со висок прорез и тоа во – џакузи додека во преден план беа нејзините витки нозе.

Па кое од овие две изданија ви се допаѓа повеќе?

Facebook Comments
No Comments Yet

Comments are closed