Убавата пејачка ужива во мајчинството
Една од најсимпатичните „Гранд“ ѕвезди Јелена Костов (35) кога е далеку од рефлекторите живее мирен семеен живот.
Таа заедно со нејзиниот сопруг Миљан Вуковиќ ужива во друштво на нејзиниот двегодишен син Милија и секој слободен момент го користи да помине квалитетно време со семејството.
Како што пејачката сама истакна, нејзиниот наследник наскоро би можел да добие братче или сестричка.
„Планирам друго бебе, да“, беше искрена Јелена.
https://www.instagram.com/p/BtynpOZH5lO/?utm_source=ig_embed
Јелена изјави и дека максимално ужива во животот откако станала мајка и кога би знаела дека родителството толку многу позитивно ќе ја промени и дека животот би и бил толку многу поубав, порано би станала мајка.
„Да знаев дека животот ќе ми биде толку поубав и дека и јас ќе бидат поинаква, 100 % како мајка би се остварила многу порано“, објасни таа.
https://www.instagram.com/p/B27J4vRnFqn/
Инаку, Јелена својот семеен живот го крие од медиумите и првата фотографија од синот ја објави неодамна, на неговиот втор роденден. Но затоа пак убавата пејачка не крие дека ужива во мајчинството и дека секој ден поминат со нејзиното семејство за неа е нешто најубаво.
Таа откри и дека е една од оние мајки кои не знаат да се опуштат кога ќе се одвојат од своето дете, па така кога Милија ќе остане сам со жената што го чува, постојано и се јавува на дадилката да провери дали е сé во ред.
„Многу сум досадна“, вели таа, пишува „Glossy“.