Јелена Карлеуша без градник настапи во Германија, цела дискотека „ЗАПРЕПСТЕНА“ – ништо не остави на фантазијата!
Пејачката повторно ги воодушеви сите…
Карлеуша откако неколку дена лудо се забавуваше во Дубаи, отпатува во Германија каде викендов одржа неколку концерти…
Популарната балканка дива Јелена Карлеуша и кога е закопчана до грло никого не остава рамнодушен.
Впрочем тоа најдобро можевме да го видиме од ова нејзино „убиствено“ издание на кое можат да и завидуваат и најголемите светски ѕвезди.
Пејачката откако неколку дена лудо се забавуваше во Дубаи, отпатува во Германија каде викендов одржа неколку концерти.
Но овој пат наместо во костими за капење, во што најчесто позираше додека беше во Дубаи, објави фотографии на кои е закопчана „до грло“ и повторно го украде вниманието на социјалните мрежи.
Таа носеше долг фустан во небесно сина боја кој ја следеше линијата на нејзиното беспрекорно тело, а и останатите детали беа полн погодок.
Имено, само јакната, очилата за сонце и чантата вредат речиси 5000 евра. Јакната во светло сина нијанса е од „Jacquemus“ и нејзината регуларна цена е 2315 евра, додека чантата од истиот бренд вреди„ само“ 1645 евра.
Покрај фотографиите таа објави и видео на кое во центарот на вниманието беше нејзината бујна „позадина“.
Како Јелена изгледаше во ова свое издание погледнете во продолжение:
По овие фотографии Јелена објави и снимки од настапот на кои во преден план беше нејзиниот провокативен комплет.
Таа во ова издание настапи пред полна сала во Штутгарт, а воодушевените фанови ја снимаа од секој агол.
Карлеуша на бината покажа речиси исто толку кожа како и на песочните плажи во Дубаи, а од снимките што завршија на интернет сите се прашуваат дали пејачката носи нешто воопшто под мрежестиот комплет.
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Погледнете го и ова нејзино фатално издание:
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша