Јелена и Душко ќе полудат кога ќе го слушнат ова – Огњен откри сé за љубовта со Карлеуша, но и што мисли за нејзиниот сопруг!

Помина цела година откако во јавноста испловија вестите дека Карлеуша наводно е во врска со Огњен Врањеш.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Фудбалерот на грчкиот АЕК досега ниту еднаш не зборуваше за нивниот однос, но реши да ја отвори душата и да ја каже својата верзија.

Имено, тој во интервју за Курир изјави дека се кае и дека му е срам што воопшто познавал таква личност како Карлеуша.

ADVERTISEMENT

На прашањето што се случило меѓу нив, контроверзниот фудбалер одговори дека помеѓу љубовта и омразата линијата е тенка, а кога ќе ја снема линијата станува јасно што ќе се случува. „НО времето не можеме да го вратиме, иако некои луѓе можеме да ги избришеме од животот“, вели тој.

Што се однесува до Душко Тошиќ, фудбалерот на АЕК вели дека е фасциниран од него, посебно затоа што толку години можел да издржи со некој како Карлеуша.

Фото: Инстаграм

„Му се поклонувам заради тоа“, вели Огњен.

Фото: Принтскрин

„Нејзиното мислење не ме интересира. Имам право да кажам што сакам, а ја зборувам само вистината. Таа тоа право никогаш нема да може да ми го скрати“, завршува Огњен со тоа што мисли како ќе реагира познатата пејачка откако претходно алудираше дека Карлеуша има и друг љубовник.

Инаку, во медиумите веќе некое време се шушка дека бракот на Карлеуша е на лабави нозе. Во прилог на овие гласини зборува и тоа што Душко деновиве беше на одмор само со своите ќерки, додека Карлеуша остана дома сама. И тоа прво во Дубаи, а потоа и на Златибор, и двата пати без сопругата. Тој исто така неодамна престана и да ја следи својата сопруга на Инстаграм, и тоа кога му беше роденден. Фудбалерот тогаш дури и ги сподели честитките од најблиските, освен онаа на Карлеуша иако таа поприлично се потруди да го изненади.

Како ќе реагираат тие на новото интервју на Огњен и што се случува со нивниот брак, останува да видиме…

Facebook Comments
(Visited 454 times, 1 visits today)
Loading...