Публиката ја изненади со торта и со роденденска песна, гест кој ја расплака Розга.
Јелена Розга на својот 42 роденден настапи на фестивалот „Music Week“ кој се одржува на Ушче и трае три дена. Публиката ја изненади со торта и со роденденска песна, гест кој ја расплака Розга.Таа ги откри своите роденденски желби и планови.
„Сум имала убави родендени и до сега, но најмногу сакам да славам на сцената. Не знаев што ми подготвуваат, ме расплакаа. Сакам само да сум здрава. Прво љубов, па потоа бебе. Немам љубов, слободна сум“ изјавила Розга.
Таа видно возбудена разговараше со новинарите, а отворено зборуваше и за својот љубовен живот и дали има емотивен партнер. „Немам се уште љубов, слободна сум“ изјави Јелена.
По ова новинарите и го споменаа поранешниот свршеник Стјепан Хаусер и ја прашаа дали тој и го честитал роденденот. „Не“, одговори кратко Јелена на која и беше незгодно од ова прашање и нестрпливо го чекаше следното.