ЈА ОДНЕСЕ ВО РАЈОТ: Поради пандемијата остана без пари, но желбите за патувања и ги исполнува 24 години помладото момче

ФоЛкерката ужива со младото момче на Занзибар.

За Дара Бубамара летото се уште не е завршено. Пејачката со 24 години помладото момче Тони по Малдивите пејачката ја однсе на Занзибар, а се тоа го финансира неговиот татко, познат бизнисмен од Италија.

Популарната фолкерка прави паузи од настапите поради короната, па слободното време го користи за да патува каде и да посака.

Иако сама добро заработуваше додека имаше настапи, сега нејзините желби за патување и ги исполнува нејзиниот партнер кој „плива“ во пари.

Поточно, неговиот татко, кој низ цела Италија држи ресторани и важи за моќен господин. Пријател на Тони открива за Курир.рс што прави ова момче и со што се занимава.

Како што вели тој, Тони не е нешто претерано успешен во работата, а неговата среќа е тоа што неговиот татко е угледен бизнисмен кој заработува милиони.

Вистина е дека синот му помага колку што може, но тој наводно не ни приближно талентиран како неговиот татко и нема чувство за бизнис.

Сепак, на таткото тоа ни малку не му смета и е горд на својот наследник што се труди, што неговото момче не е мрзливо и дека сака да заработува и му дава пари да оди каде и да посака, без лимит.

Затоа Тони пред три дена Дара ја однесе на уште едно луксузно патување, овој пат во источна Африка – во Занзибар. За оваа авантура Тони, всушност неговиот татко искеширал вистинско мало богатство.

Во прашање е еден од најлуксузните хотели на овој остров, а бидејќи имаат одвоен апартман и базен и плажа, за седум дена ќе искешираат околу 4.000 евра.

 

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Младиот Тони својата младост си ја живее со полни гради. Погледнете уште неколку фотографии од синот на бизнисменот.

 

 

(Visited 154 times, 1 visits today)