Реклама
Интервју

Јас сум силна жена, но ме повредува кога ми ги мешаат децата – АГНЕСА ОРГАНЏИЕВА брутално искрена за Гламур магазин!

Реклама

Гламур интервју со Агнеса Органџиева …

Приватна архива

„На нашиов трачарски народ мора да му дадеш нешто да мацне, да си направи приказна…“

Важи за една од најконтроверзните но и најзгодни дами во Македонија. После јавниот развод нејзината популарност на социјалните медиуми вртоглаво порасна, а денес нема бренд што не ја бара за соработка и маркетинг.

Инфлуенсерка, правник, жена, мајка, кралица…Русокосата чија појава никого не остава рамнодушен.

Маркетинг

После јавниот развод со поранешниот директор на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) Роберт Орданоски кој ја разбранува македонската јавност, згодната русокоса не престанува да биде во фокусот на вниманието на љубопитните читатели.

Приватна архива

Во ексклузивното и до срж искрено интервју за Гламур, Агнеса говори искрено за домот, поранешниот брак, нејзините две ќерки, за социјалните медиуми, бенефитите но и хејт-коментарите кои постојано стигнуваат на нејзина адреса.

Маркетинг
Приватна архива

Агнеса, ти благодарам што го прифати ова интервју. Најпрво, како си?

Благодарам, јас сум секогаш добро.

Колку ставањето живот на тапет за тебе е предизвик?

За мене се’ e предизвик во животот, ако нема предизвик нема да ни биде интересно. Мора да има акција, а мојот живот не може да биде ставен на тапет од луѓе дојденци.

„Може само името да ми го памтат…зашто јас сама си го живеам животот на овој свет“.

Приватна архива

Како се носиш со популарноста?

Популарноста на моменти е интересна, на моменти си викаш зошто баш јас, потоа си викам па се’ е со причина, во нашите животи сите сме со некаква мисија…Има само еден проблем. Треба постојано да си скоцкан тип топ зошто снимаат од глава до пети. Па за нашиов трачарски народ мора да им дадеш нешто во чинија за да мацнат.

Приватна архива

На твоја адреса стигнуваат секакви коментари. Некои луѓе често се сурови па знаат да навредат непромислено. Кои хејт коментари најмногу те повредиле?

Да, точно, затоа е жално што на прочуени адреси, имиња на нашата историја живеат луѓе баш такви непромислени, луѓе што лутаат и немаат чист пат до својот дом, за жал.

Приватна архива

„Најмногу ме повредува кога ми ги мешаат децата“.

Приватна архива

Кој е твој ветар во грб целото ова време?

Ветер во грб ми е секогаш мојата верба во Господ.

Заљубена ли е Агнеса моментално?

Се’ уште го чекам вистинскиот. Местото до мене го чувам за правиот човек што ќе знае да се носи со мене.

Приватна архива

Каква соработка не би прифатила за ниедни пари?

Не би прифатила никогаш соработка со долна облека, зашто сепак тоа е долна облека, интима…да се разбереме…

Приватна архива

Постојано си средена од глава до пети, Колку вложуваш во брендираната облека што ја гледаме на тебе?

Да, секогаш сакам да бидам средена и да изгледам чисто, не секогаш носам брендирана облека, јас си комбинирам се’. Кога сум во можност си се почастувам со добро парче, поскапо. Не е битно дали си облечен во скапо парче, битно е тоа што го носиш да знаеш да го носиш. Јас секогаш тргнувам од едно правило: ,,како што се чувствуваш, така и те гледаат’’.

Приватна архива

Живееш во твојот стан, со двете ќерки. Бескпрекорно уреден дом. Дали е потребна машка рака во домот, или се носиш со целиот товар?

Некогаш нормално е дека е потребна машка рака во домот, никој не може се’ сам. Сепак си има луѓе и за таа работа.

Приватна архива

Размислуваш ли повторно за брак како институција?

„Зошто да не, би сакала, нормално. Сепак, за мене тоа е лист хартија и не ми е мерило за такво нешто, и другите треба да го разберат тоа. Тоа е само еден потпис што го користиме секој ден на работа“.

Приватна архива

Што најмногу ги советуваш твоите две ќерки Вивиен и Тифани?

„Ги советувам на секој пад што ќе го почувствуваат да стојат цврсто без спуштена глава или болка некоја што ќе ја имаат која што е можно и да се надоградува во нивните животи. Емоцијата да не ги совлада, дека ќе мораат да се соочат и да се борат со секоја тежина за да бидат подготвени за идните битки. Бидејќи во животот се’ е со причина и имаме мисија на овој свет. Кога ќе се изборат со сите такви патишта, тогаш кога ќе биде момент сами ќе знаат дека се изградени личности и ќе бидат спремни да го добијат заслужениот подарок од Господ“.

Приватна архива

Која е Агнеса кога никој не ја гледа?

Агнеса е нормална, живее нормално, се бори сама. Сакам луѓе до мене со висока фрекфенција на енергија, не сакам ниски вибрации никогаш. Каде што можам помагам.

Приватна архива

Колкав дел од приватноста споделуваш на социјалните медиуми?

Споделувам еден мал дел што сакам јас да им го покажам. Тоа е 20% од мојот живот, доволно им е за приказни.

Приватна архива

Во една прилика ќе изјавиш дека мажите не ти приоѓаат. Зошто е тоа така?

Тоа е така зашто сум заштитена со мојата аура и не можат да ја пробијат. Треба маж со еднаква аура за да можеме да бидеме на иста вибрација. Кај нас повеќето мажи се со ниска вибрација и леталото не знаат да го контролираат па се рушат.

Приватна архива

Се сметаш ли за силна жена?

Премногу силна и ментално јака, па тоа се гледа.

Приватна архива

Што би им порачала на сите оние жени кои те следат на интернет?

Не правете идол од друга жена, таа не може да биде пример за вашиот живот. Изградете си ја вашата душа самостојно, пробајте сами на себе да бидете стилист. Не завидувајте и не бидете љубоморни и не посакувајте го животот на идолот зошто не знаете каква карма носи истото. Бидете благодарни на се’, ама баш на се’. Егото тргнете го на страна бидејќи тоа ви е препрека за нешто следно што ве чека.

Викторија Петровска

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button