Реклама
Вирално

Јас сум доктор. Еве што ме плаши во врска со коронавирусот

Реклама

Јас сум доктор и специјалист за заразни болести. Повеќе од дваесет години секојдневно гледам болни пациенти…

Абду Шаркави е доктор специјалист за заразни болести кој вели дека најмногу се плаши од губењето на разумот и бранот на страв меѓу луѓето, односно од паниката што може да се создаде, а не од Ковид-19. Реакции на луѓето на ширењето на коронавирусот би можеле да направат поголема штета од самата болест. Тој е лекар и специјалист од Универзитетот во Торонто, Канада, и напиша дека болеста е навистина опасна, но дека често мерките за запирање на вирусот што се преземаат само поради сопствен интерес се покажуваат како полоши. Во неговата објава, која е споделена стотици илјади пати преку социјалните мрежи откако тој ја напиша, се критикува „фасцинантната спирала на паника“, која тој ја забележал во светот додека се зголемува бројот на заболени.

Маркетинг

– Не се плашам од Ковид-19. Се плашам од загубата на разумот и бранот на страв кој ги наведе широките маси во фасцинантна спирала на паника, насобирајќи безобразни количини на сѐ што би можело да се стави во скривалиште од бомбардирање адекватно на постапокалитичен свет. Се плашам од Н95 маските, кои се крадат од болниците и клиниките за итна нега каде што навистина се потребни за здравствените работници од првите борбени редови и се однесени на аеродромите, во трговските и во кафулињата, одржувајќи уште повеќе страв и сомнеж. Се плашам дека нашите болници ќе бидат совладани од сите што мислат дека веројатно не се заразени, но може да се проверат без оглед на сѐ бидејќи никогаш не се знае… и оние со срцеви маани, емфизем, пневмонија и удари ќе ја платат цената за преполните чекалници во ургентните центри – напиша тој на неговиот профил на Фејсбук.

Неговите зборови ви ги пренесуваме во целост:

Маркетинг

Работев во луксузни урбани болници, но и во најсиромашните делови на Африка. ХИВ-АИДС, хепатитис, туберкулоза, САРС, сипаници, голема кашлица, дифтерија… постојат само мал број на работи на кои досега не сум бил изложен. И освен од САРС, малку се оние работи од кои се чувствував ранливо, изнемоштено е едноставно исплашен.

Не ме плаши Ковид -19. Ме плашат импликациите од новиот заразен агент што се шири низ светот и упорно пронаоѓа успех на различно тло. Со право сум загрижен за постарите луѓе со послабо здравје или послаба материјална ситуација кои диспропорционално најмногу ќе бидат погодени од оваа нова чума. Но не сум исплашен од вирусот Ковид-19.

Она што ме плаши е и губењето на разум и бранот на страв кој ги наведе широките маси во фасцинантна спирала на паника, насобирајќи безобразни количини на залихи на сѐ што би можело да се стави во атомско скривалиште на постапокалитичен свет.

Се плашам од Н95 маските, кои се крадат од болниците и клиниките за итна нега каде што навистина се потребни за здравствените работници од првите борбени редови и се однесени на аеродромите, во трговските и во кафулињата, одржувајќи уште повеќе страв и сомнеж.

Се плашам дека нашите болници ќе бидат преплавени од сите што мислат дека веројатно не се заразени, но може да се проверат без оглед на сѐ бидејќи никогаш не се знае… и оние со срцеви маани, емфизем, пневмонија и удари ќе ја платат цената за преполните чекалници во ургентните центри бидејќи постои ограничена количина на достапни доктори и медицински сестри.

Се плашам дека ограничувањата на патувањата би можеле да станат толку далекусежни што ќе се откажат свадби, ќе се пропуштат дипломи и семејни собири. Па дури и оние големи журки што се викаат Олимпијада, и тоа би можело да се откаже. Можете ли воопшто да замислите тоа да се случи?

Се плашам дека истиот страв од епидемија ќе ја ограничи трговијата, ќе им наштети на партнерствата во различни сектори, во работењето и генерално ќе предизвика глобална рецесија. Но, најмногу се плашам од тоа каква порака им испраќаме на нашите деца кога сме соочени со закана. Наместо разум, рационалност, слободоумност и алтруизам, ние ги учиме да паничат, да бидат страшливи, сомничави, импулсивно да реагираат и да се грижат само за себе и само за своите сопствени интереси.

Далеку сме од решение н состојбата со Ковид-19. Ќе се приближи и во вашиот град, болница, пријател, па дури и до член од семејството што ви е близок. Очекувајте го тоа. Престанете да чекате да бидете и понатаму изненадени. Факт е дека вирусот нема да ви предизвика преголема штета кога ќе дојде. Но нашето однесување и ставот „бори се за себе пред сé“ може да се покаже како катастрофално.

Токму затоа ве повикувам сите! Борете се против страв со разум, против паника со трпение и неизвесноста со едукација. Имаме шанса да научиме многу за здравствената хигиена и ограничување на ширењето на бројни преносливи болести во општеството. Ајде сите заедно да се соочиме со предизвикот во најдобар дух на сочувство со другите, трпение и што е најважно, незауздливо трагање по вистината, фактите или знаењето наспроти претпоставките, нагодувања и катастрофирање.

Фактите не се застрашувачки. Измијте ги рацете. Отворете ги вашите срца.

Нашите деца ќе ни бидат благодарни.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button