Реклама
Наши ѕвезди

Јас сум дете од село кое немало прилика да има компјутер – познатиот пејач Јордан Митев си ја отвори душата

Тој и во песните зборува за својот роден крај и ги расплакува оние што живеат далеку од дома

Реклама

Пејач од народот и кој живее за народот

Јордан Митев денес е еден од омилените пејачи на народна македонска музика, но за дојде до ова место тој имаше тежок животен пат.

Неговите песни допираат до секоја човечка душа, а во неговата музика и стихови македонската традиција секогаш има посебно место.

Маркетинг

Но животниот пат на Јордан за да стигне онаму каде што е денес не беше воопшто лесен. Како што самиот изјави во неговото интервју за Гламур магазин, тој е дете од земјоделско семејство, кое иако живеело за музика, немало прилика да има компјутер или цд плеер, така што и да сакал, не можел да слушне нешто друго.

Маркетинг
Приватна архива

Тој по потекло е од селото Подареш, во близина на Радовиш, каде и денес живее со сопругата Славица, кој е Македонка родена во Австралија.

Приватна архива

Тој е горд на своето потекло и не крие од каде потекнува и дека како мал нижел тутун и им помагал на родителите во работата.

Приватна архива

Но благодарение на тоа што Јордан растел на село, тој пораснал со традиционална македонска музика и ја разбира нејзината душа.

Малкумина знаат дека тој свири на неколку инструменти – хармоника, пијано, кавал, гајда, а како што самиот изјави за Гламур, тој е човек кој стои на мостот помеѓу модерното и традиционалното.

Приватна архива

„Јас не пораснав со песните на Бон Џови, Мајкал Џексон, Елвис Присли, Синатра, или музиката на Бетовен, Бах и Рашмањинов… Јас сум дете од село кое до 2001 година немав прилика да имам компјутер или цд плејар за да слушнам нешто друго. Јас пораснав со песни и музика од Цветници и Валандово. И да сакав да чујам нешто друго немав прилика“, откри познатиот пејач, па го додаде и следново:

„Се сеќавам првото ЦД во 2000 го купив кога се запишав средно музичко во Штип од Енрике Иглесијас, не знам како но слушнав некаде некои негови балади кои ми оставија силен впечаток и сакав да имам ЦД за да ги слушам, но немав ЦД-плејар.“

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

„Така да ЦД-то ми стоеше во фиока 1 година додека родителите да соберат пари за да ми купат систем на ЦД. Уште го чувам и му се имам радувано како да сум добил лото“, вели Митев за Гламур.мк.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

„Така да јас пораснав со традиционалната музика, но бев жеден да чујам и се останато. Така во изминатите години акомулирав музика од секаде, слушав се, од фолк, до рок, класика, поп до џез. Поминав низ образовниот процес и тоа мене ме оформи како музички лик кој денес е стигнат до таму каде што е“, открива Митев во интервјуто за Гламур Магазин кое можете да го прочитате тука.

Приватна архива

Приватна архива

Приватна архива

Приватна архива

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button