Реклама
Наши ѕвезди

„Јас сакав брзи коли, а таа беше домаќинка и ми купи стан“ – љубовната приказна на Кевсер и Ѓорѓи

Реклама

Во понеделникот во Белград, на 82 години, од овој свет си замина пејачот Ѓорѓи Желчески.

Кевсер Селимова и Ѓорѓи Желчески уште од почетокот на кариерата го добија епитетот „легендите од Македонија“. Кевсер е Турчинка, која живеела во во Автокоманда, а Ѓорѓи, е роде Прилеп.

Маркетинг

Желчески и Селимова се запознале на еден концерт во Титово Ужице, во 1959 година, каде Селимова настапила со “КУД Орце Николов”, а програмата ја најавувал Желчески. Во тоа време, Желчески настапувал заедно со Никола Бадев, Анка Гиева и Верица Исјановска.

За време на една голема турнеја, Исјановска се вљубила и решила да остане во Шабац, така што Желчески морал да бара друга партнерка за пеење во дует. Разговарајќи со својот менаџер, тој се сетил на средбата со Селимова, која во 1961 година му се придружила, пеејќи во дует со него.

Маркетинг

Со текот на времето, нивната популарност растела, но Македонија станала претесна за нивните амбиции. По една голема турнеја на Желчески низ Македонија, која вклучувала настапи во Ресен, Титов Велес, Штип, Струмица, Охрид, Кичево, Струга итн., „РТВ Белград“ побарала пејач од Македонија и Желчески заминал во Белград. Таму, тој одржал концерт во Домот на синдикатот и постигнал голем успех, така што започнале да пристигнуваат други понуди и тој решил да остане во Белград.

Дуетот Селимова-Желчески е најпознат по нивната изведба на народните песни: „Елено, ќерко“, „Бело лице љубам јас“, „Врати ми се, љуби ме“, „Брала мома капини“ и тн. На 15 ноември 2013 година, Селимова и Желчески одржале концерт во Домот на АРМ, во Скопје, со кој го одбележале јубилејот „Пет децении творештво

„Работевме заедно 17 години. Имаше и пријателство и љубов, но живеевме секој во свој стан. Кевсер бе поголема домаќинка, таа пред мене купи стан и го реши животното прашање. Јас бев причината што не венчавме порано. Сакав брзи автомобили и убаво ми беше да водам ергенски живот. Кога видов дека н годините, конечно ѝ предложив брак. По две години ја добивме ќерката Ана“, рекол Ѓорѓи во интервјуто Ќерката Ана се родила 1980 година.

Таа, пак, пред 8 години го роди синот Ерол, и тогаш популарните му изјавуваа дека се најсреќните баба и дедо на светот.Дуетот Селимова-Желчески е најпознат по нивната изведба на народните песни: „Елено, ќерко“, „Бело лице љубам јас“, „Врати ми се, љуби ме“, „Брала мома капини“ и тн. На 15 ноември 2013 година, Селимова и Желчески одржале концерт во Домот на АРМ, во Скопје, со кој го одбележале јубилејот

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button