Јавно го побара момчето што ја бакна: Љубовна приказна која ги запали социјалните мрежи

ADVERTISEMENT

Некои љубовни приказни со право го носат епитетот „филмски”, особено ако актерите се повеќе како од црно-бели филмови од средината на минатиот век. Една љубовна приказна од Риека  ги запали социјалните мрежи во Хрватска.

Минатиот петок еден млад човек бакна млада девојка. Ништо необично за една ноќ. Но, бакнежот остави силен впечаток врз девојчето, па затоа таа реши да го најде момчето по секоја цена.

ADVERTISEMENT

„Тоа беше кратко, но незаборавно! Момчето беше со кафена коса, облечен во црна кожна јакна”, раскажува девојката од хрватскиот крајбрежен град.

Таа вели дека излегла со уште три другарки во петокот навечер на плоштадот Коблер во Риека, кога еден млад човек се приближил до фонтаната и ја бакнал. Во понеделникот одлучи јавно да го побара момчето,  а порталот Речанин во овој случај е преносител на информацијата до јавноста.

Нивниот прв состанок се одржа во петокот, на 8 март, во вечерните часови на фонтаната на плоштадот Коблер.

ADVERTISEMENT

„Ние четирите бевме малку поднапиени и весели кај фонтаната на плоштадот Коблер. Мојата пријателка на шега ме испрска со вода, бев цела мокра. Во тој момент ми пријде момчето и ми рече дека сум убава и ме бакна. Тој отиде, а јас не успеав да  го прашам како се вика. Сега го барам јавно, би сакал да се сретнам со него, бидејќи  неговиот потег ми се допадна “, изјави девојката.

Мистериозниот заводник не чекаше долго да одговори. Имено, 19-годишното момче P.J, се јави на порталот и, наскоро објави дека тој ја бакнал девојката и би сакал да оди со неа на кафе за да се запознаат.

Еве како дошло до бакнежот

„Бев надвор со пријателите, и бевме многу среќни, знаеш како е кога ќе се опуштите за време на викендот. Видов група со интересни и весели девојки, и пријдов на девојката која ми беше симпатична и ја бакнав. Бевме и двајцата со пријатели па така не ни се пружи шанса да разговараме. Но, кога ја видов нејзината порака на социјалната мрежа, веднаш решив да стапам во контакт “, рече момчето, кој беше пофален од многумина во коментарите на социјалната мрежа за неговата спонтана реакција и бакнеж.

По успешаната потера девојката изјави:

„Среќна сум што го најдов момчето, се слушнавме и разговарвме, наскоро ќе се видиме и ќе се запознаеме подобро“.

На социјалните мрежи овој потег на девојката беше позитивно прифатен, доби многу позитивни комнетари.

Facebook Comments
(Visited 1.358 times, 1 visits today)

ADVERTISEMENT