Ѕирнете како изгледа семејната куќа на Каролина Гочева во Битола – РАСКОШНА ГРАДИНА каде пејачката го помина детството!
Еве како изгледа куќата каде што Каролина порасна со својата две и пол години помлада сестра Александра.
Каролина Гочева е една од нашите најдобри и најпознати пејачки. Таа настапува од својата најрана возраст, а својот прв позабележителен настап го имаше на детскиот фестивал „Си-до“ во Битола, а потоа и на престижниот музички фестивал „Макфест“ во Штип во 1991 година.
Таа во 1994 година дебатира на „Скопје фест“ со песната „Кој да ти каже“, а по две години, со песната „Ма ајде кажи ми“ се пласираше на деветтото место.
Во 2000 година таа станува дел од „Авалон продукција“ и тогаш ќе го издаде својот деби албум „Јас има песна“, од која излегоа бројни хитови како „Сакај ме“, „Без оглед на сé“ и „Немир“ која што ја испеа со Тоше Проески.
Каролина досега два пати ја претставуваше Македонија на Евровизија – прв пат во 2002 година Естонија, со песната „Од нас зависи“, а потоа и во 2007 година, во Хелсинки, Финска, со песната „Мојот свет“.
Нејзиниот голем талент ќе биде забележан уште во раното детство, кога во 1989 година со песната „Like a Prayer“ од Мадона ќе настапи во детската емисија Шарам барам која се емитуваше на националната радио телевизија. Родителите ќе ја пријават и на фестивалот „Си-До“ кој се одржуваше во Битола, а потоа ќе настапи и на традиционалниот фестивал „Макфест“ во Штип со песната „Мамо, пушти ме“.
Инаку, Каролина не сака многу да зборува за својот приватен живот. Таа на 23 септември 2017 година се омажи за шест години помладиот сликар Михаил Корубин, а како што самата изјави, тие се запознале за време на снимањето на насловната песна од нејзиниот албум „Извор“.
Од социјалните мрежи можеме да видиме дека таа и денес често го посетува својот роден град, каде најмногу ужива кога е со своите внуки Инес и Луција, но и со семејството и своите стари пријатели.
Таа во семејната куќа каде порасна со својата две и пол години помлада сестра и родителите заврши основно и средно училиште.
Како изгледа куќата во која што е порасната нашата најдобра пејачка можевме да видиме благодарение на екипата на „Бекстејџ“ кои во една пригода го посетија нејзиното родно место.
Погледнете ги и останатите нејзини фотографии…
Каролина е родена во Битола, во 1980 година.
Таа денес живее и работи во Скопје.
Каролина во 2017 година ќе го каже своето судбинско „да“ и ќе заплови во брачните води со уметникот Михаил Корубин.
Михаил е шест години помлад од неа…
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева