Ѓорѓе Давид со солзи на очите откри страшни детали од несреќата – овие сцени не може да ги заборави
Видно потресен, ослабнал неколку килограми...

Музичарот Ѓорѓе Давид пред две недели имаше сообраќајна несреќа во Македонија кога усмрти жена.
Тој денес се врати во Белград, па по неколку часа одржа прес-конференција на која што најпрво и му изрази сочувство на семејството на жената што настрадала, па и се заблагодари на сите што му помогнале. Ѓорѓе потоа објасни и како дошло до несреќата, зборувајќи со солзи на очите додека се потсетуваше на деталите.
Познатиот музичар тој кобен ден тргнал од Гевгелија, и најпрво бил во Скопје, а потоа од таму тргнал кон Белград.
Несреќата се случува на некои 2400 метри пред границата откако девојката која управувала со едниот автомобил со кој влегла во спротивна лента од автопатот и така возела најмалку километар, се удира во автомобил марка голф во кој сите се повредени, а за возачот се борат за живот, раскажува познатиот музичар.
„Мајката на девојката нема причина од било која друга причина освен од тотален шок да излезе на патот, а јас од еден сноп светлина која ми доаѓа од десната страна, долга кривина во десно, гледам дека влегувам во целосна темнина, и во тој момент влетувам во облаци, магла, влажен коловоз, па ја намалувам брзината и ја притискам кочницата, и во еден момент само ми се причина дека нешто не е океј. Целосен мрак. Ги палам долгите светла и тоа е само секунда“, раскажува Ѓорѓе
Тој потоа вели дека свртел со воланот и почнал да кочи, возејќи десно од патот за да избегне се што се наоѓа пред него и во тој момент забележува капут во сино-бале воја, удира во нешто и тоа исчезнува.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
„Надолу беше удолница од 10 метри, автомобилот кога се застана јас само со рамото ја треснав вратата, се искачив на патот и тоа што го видов беше страшно. Доаѓа брза помош, го пакуваат човекот на кого му е отворена главата и градниот кош.“
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
“Мислев дека тоа е лицето што го удрив. Но ми кажаа дека е друго лице во прашање. Жената која што ми ја превиваше раната во болницата ми кажа дека сум удрил жена и дека е мртва“.
Повеќе детали вo врска со прес-конференцијата прочитајте тука…