ЃОРЃЕ ДАВИД ПРЕНЕСЕН ВО БОЛНИЦА Ова се новите детали од несреќата што ја доживеа рокерот

Рокерот и член на жирито на Звезда Гранд, Ѓорѓе Давид доживеа сообраќајна несреќа во која животот го загуби една жена.
Поради густата магла и дожд дошло до сообраќајна несреќа во која учествувале три автомобили меѓу кои и автомобилот на Ѓорѓе Давид.
Несреќата се случила во близина на границата во Куманово, а Ѓорѓе бил само учесник во верижната несреќа.

Несреќата се случила вчера, 20 јануари, околу 20 часот, најверојатно поради густа магла, а во несреќата учествувале три автомобили.
Во тоа време Ѓорѓе Давид се враќал од Гевгелија каде имал деловни обврски, а непосредно пред несреќата се пожалил на лошото време, како и на тоа што не сака зима и снег.
– Ја завршивме последната средба што ја имавме вчера и денеска, заминуваме за Србија, застануваме малку во Ниш. Единствено ненормално ми е што овде во Гевгелија почна да врне снег. Кога има снег во Гевгелија, мора да станува сѐ полошо и постудено што повеќе се оди на север. Ја мразам зимата до коска – им се пожалил музичарот од автомобилот на своите сопатници.

Според медиуми, животот го загубила 49-годишна жена од Македонија, а се сомневаат дека се повредени и останатите учесници.
А како што неофицијално дознава Курир, рокерот бил пренесен и во кумановската болница каде е згрижен и стабилен. Пејачот е повреден и лесно ја повредил раката, пренесува Гранд.




