Ѓоковиќ за цензурата околу короната – „Ова е најважното, а не гледам дека се зборува за тоа. Јас нема да се вакцинирам!“
Новак Ѓоковиќ, вчера изјави дека постои одреден вид цензура кога станува збор за информации за вирусот корона.
Најдобриот светски тенисер истакна дека според него клучно во борбата против оваа болест е имунитетот на човекот.
„Постои одредена цензура на медицинските работници кои зборуваат за решенија што не вклопуваат со решенијата на официјалната медицина. Посакувам да има поголема дебата, да слушнеме различно мислење. Ние не сме од оваа професија, така што не можеме да зборуваме за тоа. Јас би сакала повеќе да се зборува за имунитетот “, рече Ѓоковиќ.
Тој ова го кажа во „живо“ на Фејсбук, вклучување во кое прво зборуваше Марко Пантелиќ, кој е излечен од вирусот. Во разговорот беа вклучени и Виктор Троицки, Јанко Типсаревиќ, Ненад Зимоњиќ, Филип Краинановиќ, Александар Атанасијевиќ и Душан Борковиќ.
„Постои реална опасност да се заразиме, и сè додека е неопходно да бидеме во карантин, ние ќе го почитуваме тоа…“, вели Ѓоковиќ.
Но тој исто така додаде дека, според него, многу луѓе во светот се исплашени и збунети и не гледа дека се зборува за тоа како човекот може да биде посилен, да го зајакне својот имунитет, да ја намали можноста да се зарази.
„Тие го избраа карантинот за да ги намалите таквите можности, но имунитетот е најважен за да се борите и со други зарази “, вели Ѓоковиќ во интервјуто.
Тој додаде дека тенисерите ќе мора први да патуваат кога ќе помине се’ и дека тоа ќе биде предизвик број еден, посебно заради паниката што се шири толку време.
„Мислам дека ова ќе остави длабоки траги во потсвеста на една личност, така што луѓето ќе имаат страв да им приоѓаат едни на други. Кога некој ќе се накашла, секакви работи ни минуваат низ главата. Колку работи ќе се променат не знам, но главната пречка за човекот ќе биде патувањето. Се зборува за задолжителна вакцинација за 18 месеци … Дали има други решенија или тоа е единствено? Има милион работи што треба да се направат тука, па мислам дека ова и те како ќе влијае на сите спортови”, вели тој.
Тој исто така го изрази своето мислење за вакцинацијата.
„Јас сум првиот што не сум за вакцини. Нема да се вакцинирам. Ако е задолжително, ќе треба да размислам. Јас стојам зад тоа сега, но дали ќе се смени тоа ако значи дали ќе патувам? Нема големи шанси тенисот да продолжи во август или септември, за тоа шансите навистина се мали. Која ќе биде вакцината кога се уште ја нема? Официјално, сезоната ќе започне кога сите 100% ќе бидат сигурни дека луѓето можат да дозволат, кога луѓето се безбедни, а тоа ќе потрае. Ќе има регионални ‘прајз мани’ турнири, а мислам дека така ќе биде и во тенисот“, заклучи во своето обраќање познатиот тенисер.
Како Ѓоковиќ се штити од короната
Ноле е познат по својата специфична и здрава диета, но и по познатиот појадок базиран на целер кој го користи и за време на пандемијата со вирусот корона.
Како мерка за превенција против инфективниот вирус „Ковид-19“, неопходно е да се избегнат непотребни излегувања на местата каде што има повеќе луѓе, пожелно е да се изолирате целосно, но исто така е важно да се подобри имунитетот. Ова е она што го прави Новак Ѓоковиќ веќе со години, па така и во ова време на криза.
Австралиските медиуми го следат скоро секој чекор на Ѓоковиќ за време на престојот во нивната земја и не го пропуштија неговиот „најважен оброк во текот на денот“.
Ѓоковиќ го започнува секој ден со лимон и лимета на празен стомак, а потоа пие свежо исцеден сок од целер. Во прашање е оброк кој го консумира и неговата сопруга Јелена, како и децата, со тоа што истиот за нив го подготвува во комбинација со јаболко или краставица заради вкусот.