Шoк – сопругот на Јелена Карлеуша ги спакува куферите и избега со ШВAЛEPКAТА? Се огласи и пејачката, еве што изјави!
Српските медиуми само што објавија дека сопругот на Јелена Карлеуша, Душко Тошиќ, наводно го напуштил Белград, а по него заминала и неговата љубовничка.
Како што објави српскиот портал „Република“, Душко Тошиќ наводно отпатувал во Турција со Ана Јовановиќ.
Во прашање е позната српска блогерка и модна дизајнерка на костими за капење за која се пишуваше дека е во врска со Фудбалерот Душко Тошиќ со кого пред неколку наводно месеци започнала романса.
Како што дознава српскиот „Телеграф“, Душко Тошиќ вчера во утринските часови заминал за Истанбул од белградскиот аеродром, а само неколку часа подоцна на истата дестинација замина и дизајнерката, пишува „Република.рс“, и наводно, сега уживаат на заедничкото патување.
Какао што објави порталот, девојка што работи на аеродромот, прво го забележала сопругот на познатата пејачката.
Тој се појавил сам, со мал куфер и во тренерки и се качил на летото за Истанбул. Девојката што работела на аеродромот цело време гледала дали ќе дојде и неговата сопруга и децата, но фудбалерот очигледно отпатувал во Турција без нив. А по некое време, на следниот лет за Истанбул, се појавила и Ана, девојката со која со денови го поврзуваат.
„Прво не носеше очила, а по некое време, најверојатно забележа дека чудно ја гледам. Сфати дека луѓето ја препознаваат, па откако и го проверија пасошот ги стави црните очила за сонце“.
„Најверојатно се договорија да одлетаат одвоено во Турција за да не бидат забележани“, вели овој извор за „Република“.
Инаку, Душко и самиот на Инстаграм објави фотографија на која се гледа времето кога тргнува авионот за Турција.
За тоа време неговата сопруга, Јелена Карлеуша престојува во Белград заедно со ќерките Атина и Ника. Но таа веќе не ја коментира аферата на својот сопруг на социјалните мрежи како што тоа го правеше пред само неколку дена.
Карлеуша и дизајнерката не се дружат но се во добри односи, па и двете тврдат дека не постои никаква афера.
Инаку, фудбалерот замина во Турција затоа што од денес и официјално е дел од екипата на Касимпаша.
Тој таму пристигнува како слободен играч, откако две години помина во Кина, а во Турција претходно играше за Бешикташ.
Вестите дека Тошиќ ќе игра во Турција, ги соопшти и неговата сопруга, која во последно време му е голема поддршка.
Му честитам на Душко за потпишувањето на договорот со новиот клуб Касимпаша во Истанбул. Турција е земја која многу го сака и почитува. Моментално се наоѓа во кампот и многу е среќен, напиша таа со негова фотографија што ја објави на својот профил на социјалните мрежи.
Од нејзината објава не може да се забележи дека има некои проблеми со Душко, но останува да видиме како ќе реагира откако медиумите објавија дека со него заминала и познатата блогерка и дизајнерка.
Таа и претходно го подржа својот сопруг кога реш да ги тужи медиумите за наводната врска со Ана, но очигледно дека тоа не само што не ги сопре новинарите да не пишуваат за нив, туку имаше и потполно спротивен ефект. Посебно доколку овие последни вести се покажат како вистинити, кога нивниот брак навистина ќе почне да наликува како турските серии, а сите знаеме колку публиката е „гладна“ за нив.
Која е Ана?
Блогерката и дизајнерката Ана беше во брак со Пеџа Јовановиќ Близанац, но тие минатата година решија да се разделат. Од бракот има три деца – двајца синови и ќерка. Таа му беше голема потпора на пејачот за време на неговата кариера, но во јавност не се експонираа претерано заедно.
Како што пред неколку недели објавија медиумите, Ана и Душко наводно биле сместени во истиот хотел „Џумејра бич“ во Дубаи и секоја вечер ја минувале заедно.
Тие и двајцата на Инстаграм на ист ден објавија фотографии со речиси потполно идентична позадина.
Но кога испловија гласините во медиумите дека се заедно и двајцата ги демантираа преку социјалните мрежи.
Тогаш се огласи и Карлеуша:
„Навистина ми е жал што и Душко е вовлечен во оваа кал и што заради болната омраза кон мене пишуваат лаги за него кој секогаш бил верен, семеен човек, поштен, без дамки.. Овој пат тој одлучи да ја тужи баграта. Доста беше“ – напиша поп дивата на својот профил на Инстаграм.
Фото: Инстаграм/ Ана Јовановиќ
Фото: Инстаграм/ Ана Јовановиќ
Фото: Инстаграм/ Ана Јовановиќ
Фото: Инстаграм/ Ана Јовановиќ
Фото: Инстаграм/ Ана Јовановиќ
Фото: Инстаграм/ Ана Јовановиќ
Фото: Инстаграм/ Ана Јовановиќ
Фото: Инстаграм/ Ана Јовановиќ
Фото: Инстаграм/ Ана Јовановиќ
Фото: Инстаграм/ Ана Јовановиќ
Фото: Инстаграм/ Ана Јовановиќ
Фото: Инстаграм/ Ана Јовановиќ
Фото: Инстаграм/ Ана Јовановиќ
Фото: Инстаграм/ Ана Јовановиќ