Реклама
Наши ѕвезди

Шoк! Сале Тропико и Јована Пајиќ се разведуваат, причината – Марија Шерифовиќ?! Еве што вели пејачката за крахот во бракот

Реклама

Пејачот Александар Цветковиќ, фронтменот на „Тропико бенд“ и пејачката Јована Пајиќ решија да се разведат.

Фото: Инстаграм/ Јована Пајиќ

По цели десет години заеднички живот пејачите Сале и Јована одлучија да стават точка на нивниот брак, а како што пренесуваат медиумите од соседството, нивниот однос веќе подолго време бил на „лабави нозе“.

Овие информации ги потврдија и пејачите, кои официјално соопштија дека решиле да поднесат документи за развод.

Маркетинг

„Вистина е дека Саша и јас донесовме одлука да завршиме со нашиот брак. Ќе останеме пријатели и ќе бидеме, како и досега, посветени на нашите деца. Разводот е во тек и заради мирно растење на нашите девојчиња ги молиме медиумите, да ни ја пружат неопходната приватност“, изјави Јована за српскиот дневен весник и портал „Блиц“.

Фото: Инстаграм/ Јована Пајиќ

Потсетуваме, Јована и Сале се заколнаа на вечна љубов во 2011 година, а нивната свадба беше прикажана и во една емисија.

Фото: Инстаграм/ Јована Пајиќ

Како што пренесуваат медиумите, Јована уште пред месец дена заедно со децата го напуштила станот во кој живеела со Саша.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Јована Пајиќ

Како што наведе извор близок до познатиот пар, во последните две-три години тие многу се оддалечиле еден од друг. Наводно нивната љубов изгаснала и веќе долго време не биле пар како на почетокот на нивната врска.

Фото: Инстаграм/ Јована Пајиќ

Многу ретко и во јавноста се појавуваа заедно, а пред месец дека пејачката се иселила од нивниот стан, но останале во контакт.

Фото: Инстаграм/ Јована Пајиќ

Шерифовиќ причина за нивниот развод?

Како што објавија некои српски медиуми, на Сале дружбата на неговата сопруга со членот на жирито во „Ѕвездите на Гранд“ почнало да му пречи, но бидејќи не можел да влијае на тоа, на крајот одлучиле и двајцата да се разделат. Наводно токму заради Пајиќ и Џејла Рамовиќ не дошла на роденденот на Шерифовиќ, а доказ за нивната блискост е и тоа што се поддржуваат и во сите свои деловни, но и хуманитарни активности. За тоа сведочат и бројни заеднички снимки кои и двете ги имаат објавувано на социјалните мрежи.

Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ

Инаку, Марија и Јована се блиски пријателки неколку години, и од тогаш многу често се дружат и времето го минуваат заедно.

Фото: Инстаграм/ Јована Пајиќ

Но како што изјави Сале, кој исто така потврди дека се разведува, нема место за никаков сензационалистички пристап, бидејќи целата оваа приказна и одлука е само нивна, како што бил и нивниот брак од самиот почеток.

Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин

И како што напоменува, заради мирно и нормално растење на нивните ќерки, во кое и двајцата ќе учествуваат подеднакво, тој реши да даде само една изјава на оваа тема, и однапред се заблагодари на разбирањето.

Фото: Инстаграм/ Јована Пајиќ

Фото: Инстаграм/ Јована Пајиќ

Фото: Инстаграм/ Јована Пајиќ

Фото: Инстаграм/ Јована Пајиќ

Фото: Инстаграм/ Јована Пајиќ

Фото: Инстаграм/ Јована Пајиќ

Фото: Инстаграм/ Јована Пајиќ

Фото: Инстаграм/ Јована Пајиќ

Фото: Инстаграм/ Јована Пајиќ

Фото: Инстаграм/ Јована Пајиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button