Реклама
Стил

Што се случува со нашата Анета? Интернетот „гори“ од ова издание на пејачката направено во нејзиниот дом

Кусо здолниште и бело сако како добитна летна комбинација

Реклама

Издание со кое ги воодушеви сите

Нашата позната фолк-пејачка Анета Љумаковска деновиве сподели една модна комбинација со која сите ги изненади.

Имено, Анета позираше во кусо здолниште во тиркизна сина нијанса со кое ги истакна своите убави нозе, но и ја „разигра“ целата комбинација составена од сако, блуска, високи потпетици и чанта во бела боја, па многумина се согласија дека сингл статусот и годи и дека изгледа подобро до кога било досега.

Маркетинг

Таа сега впрочем под секое свое издание добива бројни коментари , а покрај тоа што сите констатираа дека блеска, пејачката секогаш добива многу комплименти и за тоа дека е една од најдобрите вокалистки и дека со својот глас никого не остава рамнодушен. Тоа може да се види и на нејзините настапи каде секогаш знае да направи одлична забава, но и да ги погоди гостите со добра песна.

Маркетинг

Сепак, овој пат во фокусот ни е нејзиното модно издание, поточно кусото здолниште што го носеше во преубава летна нијанса.

Имено Анета со ова покажа дека во своите плакари има многу женствени парчиња кои знае да ги искомбинира на вистинскиот начин.

И како што самата Анета истакна во една пригода во интервју за Гламур магазин (види тука), секоја јавна личност треба да внимава на комплетниот изглед бидејќи сцената го бара тоа.

„Покрај гласот, треба и да изгледа убаво. Секако дека имам луѓе кои се грижат за мојот изглед и тоа не само од женска страна, туку и од машка страна, бидејќи треба и тоа да го запазиме, да биде убаво пристојно впечатливо секси, но сепак пристојно и културно“, истакна Анета за Гламур додавајќи дека следи мода, но и дека го носи она за што мисли дек нејзе и стои убаво, но и во кое се чувствува пристојно.

А во една ваква безвременска комбинација, Анета не само што изгледаше отмено, туку и мамеше воздишки во исто време, инспирирајќи ги дамите меѓу нејзините обожаватели дека една ваква идеална летна комбинација може да биде одлична за утринско кафе во кафуле со поглед на езеро или море, но и за луда вечерна забава.

Во продолжение погледнете уште неколку интересни здолништа во кои и вие ќе чекорите самоуверено ова лето на некоја ривиера, а за кои добивме идеја од ова феноменално издание на Анета.

Zara

H&M

Zara

Zara

Zara

Zara

Mango

Mango

Mango

H&M

H&M

H&M

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button