Реклама
Наши ѕвезди

Што се случува со македонската Гранд ѕвезда и неговата сакана?! Ги избриша сите фотки од сопругата?!

Нема повеќе ниту една фотографија со неа, ги избриша сите, а повеќе не ја ни следи на социјалните мрежи?!

Реклама

Постојат ли проблеми во нивната љубов?

Пејачот Ален Хасановќ кој се прослави во „Ѕвездите на Гранд“ ги изненади сите кога откри дека планира да се жени.

Тој својата сакана ја запроси на нејзиниот роденден, пред две годни, а по неколку недели тие направија и шеријатска венчавка.

Маркетинг

Пото следната година следуваше и голема свадба која пишуваа и медиумите во регионот, а Ален не изостави да и го честита со емотивни зборови роденденот на својата сакана и минатата година.

Маркетинг
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Тргни со мене, држи ме за рацете. Па и ние да имаме мирно пристаниште. Јас немам никогаш да те испуштам од вид, секогаш ќе бидеш моја Аида. Среќен ти роденден мило мое“, напиша шармантниот пејач врз заедничката фотографија што ја сподели тогаш на својот профил на социјалните мрежи.

Инстаграм/ Ален Хасановиќ

Тие во тоа време речиси секојдневно објавуваа заеднички содржини на своите профили, а од нив можеше да се види дека помеѓу нив постои голема љубовна идила која ниту Ален ниту пак неговата животна сопатничка Аида Цако воопшто не се ни обидуваа да ја сокријат од љубопитните очи на јавноста.

Но за разлика од претходната година, сега сите ги изненади токму тоа што Ален ниту еднаш не и го честита роденденот на својата сакана, иако Аида објави честитки од оние што и посакаа убави желби.

Инстаграм/ Ален Хасановиќ

Таа објави и неколку фотографии на кои се гледа како ги дува свеќите од тортата во форма на срце, а тука е и букетот ружи.

Инстаграм/ Аида Цако

Но од нејзиниот Ален ни траг ни глас.

Инстаграм/ Аида Цако

Тие порано и двајцата постојано објавуваа снимки и слики кога се заедно, а Ален неколку пати откри за медиумите дека ужива во љубовта.

Инстаграм/ Аида Цако

Од овие нивни заеднички фотографии повеќе ги нема ниту на нејзиниот, ниту пак на неговиот профил, а вистинско изненадување следуваше за сите кога беше откриено дека тие повеќе не се ни следат.

Инстаграм/ Аида Цако

Имено, ниту Ален ја следи Аида, ниту пак таа него, па овие нивни необични потези ги зачуди фановите на пејачот.

Инстаграм/ Аида Цако

По приказната за свадбата и нивната бескрајна љубов, тоа што тие ги избришале нивните заеднички фотографии, па и тоа што не се следат повеќе поттикна многумина да помислат дека постои проблем помеѓу нив, а тоа што Ален јавно не и го честиташе роденденот, односно денот кога пред точно две години ја запроси како во холивудските филмови, а отсекогаш бил познат по својата романтика, само дополнително поттикна сомнеж дека повеќе не се заедно.

Инстаграм/ Ален Хасановиќ

Но дали во прашање е расправија или договор, или пак навистина решиле да се разделат , останува да видиме…

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button