Реклама
Вирално

Што се случува? По Израел и Британија размислува да се откаже од ВОВЕДУВАЊЕТО на Ковид пасошите – еве и зошто

Реклама

Европа од први јуни започнува систем за верификација на дигитални ковид сертификати кои ќе се користат за патување во ЕУ, додека пак некои земји веќе почнаа и со вакцинирање и на деца.

Додека Израел беше една од првите земји кои веќе го споведуваа користењето на сертификатите сега одлучи да се откаже од нив, а по се сè чини истото ќе го направи и Велика Британија.

Иако регулативата за примена на дигитални сертификати, како средство за враќање на слободното движење во ЕУ, стапи на сила на 1 јули, пред неколку дена седум земји-членки – Бугарија, Чешка, Данска, Германија, Грција, Хрватска и Полска – одлучија да се приклучат на системот и започнаа со издавање на првите ЕУ сертификати.

Маркетинг

Останатите земји постепено ќе се приклучуваат кон овој систем според сопствените технички можности, но Европската Комисија ќе продолжи да им пружа финансиска и техничка помош за поддршка и поврзување кон овој како што го нарекуваат „заеднички систем“.

Се препорачува да се прифатат сите вaкц-ини одобрени од Европската агенција за лeкoви (Фajзер, Acтразенека, Модepна, Џонcoн и Џонсон), како и оние одобрени од СЗО за итна употреба (Синофapм и Синoвак), и за тоа одлучуваат индивидуално земјите членки во кои се патува.

Маркетинг

Носителот на сертификатот за вaкцинациja мора да ги примил сите препорачани дози на вaкц-инaта најмалку 14 дена пред патувањето.

Од друга страна, Велика Британија најави дека ќе се откаже од сертификатот поради бројни проблеми. Плановите за кoвид-пасошите да станат законски услов за големи настани пропаѓаат, пишува британски „Телеграф“.

Официјални лица кои работат на преглед на сертификатите сметаат дека нема шанси законот да се смени со цел да се нареди нивната употреба во Велика Британија.

Британки лежат пиjaни по улиците по отворањето на пабовите

Доказите дека некое лице е вaкц-инирано стана широко прифатено во меѓународните патувања.

Бидејќи некои земји веќе го бараат тоа, британските патници можат да го добијат тој доказ за вaкц-инација преку примена на Националниот здравствен систем (NHS).

Како и да е, употребата на кoвид пасоши е многу поконтроверзна кога станува збор за патување во Велика Британија, па многу критичари истакнуваат дека барањето доказ за здравствената состојба / статусот на индивидуа започнува сериозни етички прашања.

Во Израел пасошите ја завршија својата работа и повеќе нема потреба за нив

Во меѓувреме, Израел се откажа и од употреба на кoвид пасоши, бидејќи, како што веруваат, потребата за нив исчезна.

Помалку од три месеци откако стапи на сила, шемата за сертификација на вакц-инирани, беше укината на 1 јуни, заедно со скоро сите преостанати ограничувања против кoвид 19 на јавни места.

Иако беше меѓу првите земји кои го воведоа тие велат дека во реалноста овој пасош е непотребен.

„Во последните три месеци, само двапати ме замолија да ја покажам мојата пропусница. Неколку пати ме прашаа дали ја имам, но ми веруваа без да им ја покажам дека ја имам. Спроведувањето на правилата за ‘зелени пропусници’ беше никакво, изјави за Спекатор Арие Коулер, политички аналитичар од Израел.

Зелено светло за вакцинација на децата

Во меѓувреме пак Европската комисија ја одобри употребата на вaкцината на „Фajзер“ за сите деца на возраст од 12 години и повеќе.

Сепак, одлуката да се започне со ва-кцинирање на адолесцентите во богатите земји, додека многу делови на светот чекаат вaкцини за постари и поранливи лица, предизвика загриженост во Светската здравствена организација, која ги повика богатите земји да донираат вaк-цини преку програмата „Ковакс“ наместо да ги употребат на тој начин, објави „Ројтерс“.

Франција ќе започне со вaкц-инирање на 12-годишни деца со вaкцината на „Фајзер“ на 15 јуни, Германија планира да гго направи тоа со адолесцентите на возраст од 12 до 16 години од 7 јуни, како и Полска, која ќе ги вaкц-инира адолесцентите на возраст од 12 до 15 години од истиот датум.

Литванија објави дека може да започне со вaкц-инирање на деца од 12-та година од јуни, додека Италија одобри проширување на употребата на вaкц-ината Фајзер-Биоек за деца на возраст од 12-15 години на 31 мај.

Естонија може да започне со вaкц-инирање на тинејџери до есен, а Австрија сака да вaкц-инира над 340.000 деца на возраст од 12 до 15 години до крајот на август.

Унгарија пак започна да вaкц-инира тинејџери на возраст од 16 до 18 години во средината на мај, додека Сан Марино на 1 јуни започна да вaкц-инира деца од 12 до 15 години.

Извор:

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button