Што значи зборот Христос во чие име го прославуваме Божиќ

Христијаните на Божик го слават раѓањето на Исус Христос, Синот Божји, роден од Богородица во градот Витлеем. Според него, христијанството, инаку најголемата религија во светот, го добила своето име.

Христос всушност значи месија, помазаник, испратен од Бог.

ADVERTISEMENT

Божиќ на 7 јануари го прославија оние што се придржуваат до Јулијанскиот календар, додека другите верници, кои се придржуваат до Грегоријанскиот календар, го прославија Божиќ на 25-ти декември.

Божиќ на 7 јануари, освен во Македонија, се славеше и во Србија, Црна Гора, Русија, Белорусија, Египет, Етиопија, Грузија, Украина, Казахстан и Молдавија.

ADVERTISEMENT

Раѓањето на Исус на 7 јануари се слави и од Ерусалимската православна црква.

Постојат оние кои го слават Божиќ еден ден претходно, односно на 6 јануари, како што е Ерменија.

Освен добро познатите и општо прифатените практики и обреди кои се вршат во црквата и во домот, во некои православни земји се вршат и посебни церемонии, како дел од божиќната литургија. Па така, на некои места се задржал обичајот во поворки да се оди покрај вода, без разлика дали е река, езеро или море, а ако водата е замрзната, што не ретко се случува во овој период од годината, тогаш се крши мразот за да се дојде до вода и таа да се благослови.

Facebook Comments
(Visited 5 times, 1 visits today)

ADVERTISEMENT