Шок фотографија од породилиштето – жената се пораѓа, но ГЛАВНА ФАЦА е нејзиниот сопруг во заднината
Е ова е фотографија што треба да му се покаже на детето кога ќе порасне.
Фотографија која деновиве стана хит на социјалните мрежи е едно селфи од жена во породилиштето.
Фотографијата ја објави еден корисник на социјалната мрежа Инстаграм под името „Worthfeed“ и предизвика голем број коментари и реакции. А кога ќе ја видите целата фотографија ќе ви стане јасно и зошто е тоа така.
Тој е тука за да и даде поддршка на својата сакана сопруга за време на породувањето, пишува во описот на фотографијата направена во породилиштето, а на која се гледа и несреќниот сопруг – и тоа во несвест! Покрај него се три медицински лица кои се обидуваат да го вратат во стабилна состојба. Во помош мораше да им дојде и сестрата што го држеше бебето.
https://www.instagram.com/p/B7TL9zbHQja/?utm_source=ig_embed
„Го извадивте од памет“, „Покажете му го ова не детето кога ќе порасне“ беа само некои од бројните коментари.