Шок трансформација на Мики Секуловски – фановите изненадени од тоа како пејачот изгледа сега
Што ли ќе каже неговата менторка на ова издание?
Многумина изненадени од оваа фотка
Македонскиот пејач Мики Секуловски кој се натпреварува во „Ѕвездите на Гранд“ пријатно ги изненади сите со својата последна фотографија што самиот ја објави на социјалните мрежи.
Имено, Мики се пофали со својот нов имиџ со кој што реши да се појави во новата епизода од популарното шоу.
Облечен во тексас јакна со кожни ракави, скинати фармерки и робусни чизми тој изгледаше како некоја светска рок ѕвезда, а коментарите што ги доби од обожавателите се и повеќе од одлични.
„Најдобар во секој поглед, глас, стас, сценски настап“, „Уникатен, дај максимум можеш и сите те копираат“ беа само некои од нив.
Многумина забележаа и дека Мики има нова фризура, а како изгледаше во ова издание, погледнете во продолжение…
Инстаграм/ Мики Секуловски
Потсетуваме, Мики во последниот круг во кој што настапи пееше во дуел со Омар Џаферовски кој на крајот беше за нијанса подобар.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Имено, тие и двајцата освоија максимален број на гласови, па следуваше акапела по што Омар доби повеќе гласови.
Мики заради ова мораше да оди во бараж, но тој доминираше и таму, па на Саша Поповиќ не му беше тешко да донесе одлука дека треба да помине во следниот круг.
По емисијата Мики даде интервју за Гранд.онлајн, каде индиректно откри и кој беше „виновен“ за ваквиот негов резултат.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Повеќе за ова прочитајте тука…