Шок! Карлеуша без влакна на јазикот го коментираше настапот на „УРАГАНКИТЕ“ и распали по тимот на трите девојки!
Нејзиниот коменгар се уште ја бранува јавноста
„Ќе бидам искрена, девојките немаа тим што би одел со нив и би им ‘сошил’ силен концепт“, беше дел од нејзината објава.
Јелена Карлеуша се огласи по големото финале на 65-тата по ред Евровизија на која првото место го освои бендот „Манаскин“ од Италија, со пејачот и фронтменот Дамијан Давид кој остави силен впечаток и со својот стил.
Поп дивата ги изнесе својот став, цврсто стоејќи на страната на „Ураганките“, но критикувајќи го нивниот тим.
Според неа девојките од бендот „Хурикејн“ дале сé од себе достојно да ја претстават нивната земја, но за жал, правилата на игра на европската сцена се сепак малку поинакви и тоа мора на сите да им биде јасно.
„Се бара концепт, се бара порака, се бара поп арт, храброст, нов вид на нешто што е кул, се бара она што Балканот не го чувствува и не го разбира. Она што ние го сакаме на овие простори, и за што мислиме дека кине, грми и гори, за жал не е нешто што го пали останатиот дел од свет“ вели Јелена.
„Од година во година на Евровизија испраќаме топовско месо, изведувач што се оставаат на милост и немилост, ни криви ни должни. Без логистика, без пари, со многу стрес. И секогаш се прашуваме зошто толку лошо поминуваме: Повторувам, девојките својот дел го одработија брутално добро. Но објаснив што беше проблем, што нема врска со нив“, порача Јелена Карлеуша преку социјалните мрежи.
„Затоа овој пат победи ку****от Италијанец со штикли. Рок БОГ, личност, концепт, Затоа добро поминаа и Швајцарија, Франција… Чиста уметност. запомнете, она што вие мислите дека е без врска, всушност не е, само вие немате поим и затоа што кај нас хитовите и песните, па дури и изведувачите не вредат ни три денари“, заклучи Јелена.
„Ќе повторам, девојките беа ТОП и јас ги обожавам, но по нашите локални стандарди. Ако веќе одевме на три риби што танцуваат, оние костуми во исиот момент мораат да се запалат“.
„Кореографија и сценските ефекти, па ве молам?!“
Таа во своето обраќање ја спомена и Марија Шерифовиќ за која вели дека имала порака, концепт, храброст и била доволно необична да биде АРТ. „За талентот и добрата песна ни да не зборуваме“, додава Карлеуша и заклучува дека нејзината колешка токму затоа и победила.
„На Марија тоа и беше природно. А победата секогаш ја носи посебна личност“, објасни Карлеуша.
Што се однесува до костумите, ако малку подобро ги погледнете, ќе сфатите дека слични креации на своите настапи носат и поп дивите како Мадона, Лејди Гага или Бијонсе. Паралелата не е случајна – сите овие ѕвезди имаат носено креации од Борис Карготиќ, истиот дизајнер што ги направи и костимите на трите девојки од „Хурикејн“.
На дизајнерскиот профил на Борис на Инстаграм на прво место е неговиот бренд „DeMode“ чија главна идеја беше на претставничките на понежниот пол да им се понуди ефектен накит, кој секоја жена ќе ја претвори во икона на стилот.
Потоа овој дизајнер се проширил и на полето на висока мода, а бисерите, кристалите, светките и стаклата останаа задолжителен дел од облеката што ја креира, па дури и на патиките и тексас јакните.
Погледнете ги неговите креации и кажете ни што мислите за она што го кажа Карлеуша за настапот на Ураганките.
Дали се согласувате со неа?
Фото: Инстаграм/ ДеМоде
Фото: Инстаграм/ ДеМоде
Фото: Инстаграм/ ДеМоде
Фото: Инстаграм/ ДеМоде
Фото: Инстаграм/ ДеМоде
Фото: Инстаграм/ ДеМоде
Фото: Инстаграм/ ДеМоде