Шок за Македонија, голема неправда во Ротердам – Васил Гарванлиев ВООДУШЕВИ со настапот, но не се пласираше во финалето
Македонија, за жал, не се пласираше во финалето на Евровизија во Ротердам.
Нашиот претставник Васил Гарванлиев и покрај одличната сценска изведба на евровизиската сцена и беспрекорните вокални способности, на крајот остана со „празни раце“. Тој нема да настапува во саботата во ротердамската арена „Ахој“ бидејќи не доби доволен број гласови за финалето.
Во финалната вечер од првото полуфинале одат Норвешка, Израел, Русија, Азербејџан, Малта, Литванија, Кипар, Шведска Белгија и Украина.
Првата земја што оди во финалето е Норвешка.
Второто место е резервирано за Израел, а третиот финалист од првата полуфинална вечер е Русија. Потоа следува Азербејџан, па Малта, Литванија и Кипар. Осмото место во финалето го осигура Шведска, деветтото Белгија, а десеттото Украина. Нашиот претставник за жал не е во финалето.
Нашиот претставник на евровизиската сцена настапи шести и со својот моќен глас ја освои публиката.
Песната „Here I stand“ со која што настапи Васил самиот ја напиша, а како звучеше можете да погледнете во продолжение.
Васил остави силен впечаток со својот генијален настап, а специјалните ефекти ги воодушевија публиката и гледачите.
Второто полуфинале ќе се одржи на 20 мај.
Седумнаесет земји ќе учествуваат во второто полуфинале. Сан Марино, Естонија, Чешка, Грчка, Австрија, Полска, Молдавија, Исланд, Србија, Грузија, Албанија, Португалија, Бугарија, Финска, Латвија, Швајцарија и Данска, плус Франција, Шпанија и Велика Британија ќе гласаат во ова полуфинале.
Фото: Принтскрин/ eurovision.tv
Фото: Принтскрин/ eurovision.tv
Фото: Принтскрин/ eurovision.tv
Фото: Принтскрин/ eurovision.tv
Фото: Принтскрин/ eurovision.tv
Фото: Принтскрин/ eurovision.tv
Фото: Принтскрин/ eurovision.tv
Фото: Принтскрин/ eurovision.tv
.