Реклама
Наши ѕвезди

Шок! Еве зошто Неда Украден ја откажа венчавката – се било ВЕЌЕ ДОГОВОРЕНО! Пејачката заради неа се предомислила

Реклама

Неда Украден ја отвори душата и прв пат јавно зборуваше зошто по разводот никогаш повеќе не се омажи.

Фото: Инстаграм/ Неда Украден

„Јас со својот сопруг 15 најубави години од својата младост бидејќи него го запознав кога имав 19 години, а прва година од студиите. Тој тогаш имаше 33 години, слободен, режисер по занимање. Тој веднаш сакаше да се земеме. Неговите родители беа среќни што нашол некоја да го смири. А јас на почетокот од животот, добив крилја малку да полета“, ја започнува својата приказна Неда како гостинка во ХРТ.

„Се венчавме бидејќи им се качивме на главата на неговите и на моите родители и пријателите, се каравме, па ќе се простевме. Е по една година ја родив малата и тогаш видов дека е едно да се забавуваш, да бидеш нашминкан, дотерана, и добро расположена за состанок, а друго е под ист покрив да ги делите моментите и обврските“, раскажува Неда.

Маркетинг

Таа потоа додаде дека дошло до израз различните карактери и менталитетот, па набргу почнале и проблемите.

Фото: Инстаграм/ Неда Украден

„И не ни одеше. Тргна ерозијата на врската и љубовта. И кога ги помина границите на убавото, јас кажав – не. Само што го направив новото гнездо, го наместив, носев работи од целиот свет… Но сепак заминав. И не се плашев.“

Маркетинг

„Заминав во половина соба. Судот ми ги додели и детето и станот, и мислам дека сум единствената жена која што станот му го остави на сопругот“, вели таа.

Фото: Инстаграм/ Неда Украден

„Ме прашуваат како изгледам вака убаво – па затоа што никој не ме нервира. Подобро е да сте без автомобил, штикли и слично отколку да сте со некој од кого ви е мака, од кого ви се создава некоја киселина во желудникот од која што можете да добиете рак“, истакна Неда Украден.

Фото: Инстаграм/ Неда Украден

Таа исто така откри дека и денес има додворувачи и дека има две актуелни брачни понуди.

„А не се омажив повторно затоа што сум жена која што има дете. Јас првенствено сум мајка. Кога сте само, тогаш се селите со куферите каде сакате. Но кога имате дете… Да го донесете детето во нова средина, во нов град, нов јазик. Ќерката беше стокмена, јас тука, две баби, двајца дедовци, активности. Еднаш дури имав и закажана свадба, дури и датум за венчавка, но се откажав заради ќерка ми“.

Фото: Инстаграм/ Неда Украден

„Не само заради неа, но тоа беше пресудно“.

„Неа да ја извадам од средината во која се чувствува добро заради некој свој ќеиф. Тоа не го сакав“, беше искрена Неда.

Фото: Инстаграм/ Неда Украден

И денес има мажи кои се луди по неа. Таа за нив е добрата вила

Неда иако се приближува кон осмата деценија од животот, изгледа се подобро и подобро.

Фото: Инстаграм/ Неда Украден

Познатата пејачка не користи никакви специјални третмани, а на нејзината линија дефинитивно можат да и позавидуваат и многу помлади жени.

Фото: Инстаграм/ Неда Украден

Како што вели самата тајната е во тоа што секогаш е исполнета со љубов, иако во моментов нема маж на кого би се потпрела. „Јас секогаш имам барем двајца кои сакаат да се омажат со мене. Но се уште не сум сретнала некого за кој што би кажала дека тоа е тоа“ изјави Неда неодамна и додаде дека кон сите мажи во нејзиниот живот била добра.

„Јас кон сите бев како добрата вила. Не знам како мажите тоа не го разбираат. Јас фантастично живеам. Им благодарам на поединците што понекогаш ќе ме прескокнат“, изјави тогаш Неда за српските медиуми.

Фото: Инстаграм/ Неда Украден

Фото: Инстаграм/ Неда Украден

Фото: Инстаграм/ Неда Украден

Фото: Инстаграм/ Неда Украден

Фото: Инстаграм/ Неда Украден

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button