Шокантни фотографии – ова се градите на првите жртви од коронавирусот во Италија (фото)
Шокантни слики откриваат како корона вирусот ги уништува градите на заболените
Во прашање се двајца жители на Вухан кои имале повеќе од 60 години, а биле на летување во Италија и кои се први регистрирани жртви во оваа земја.
Истражувачите на Националниот институт за заразни болести во Рим ги проучуваше овие две лица откако на 29 јануари 2020 беа поврзани со корона вирусот, пренесуваат светските медиуми. Двајцата пациенти се 67 годишен здрав маж и 65 годишна жена која била здрава, освен што земала терапија за висок крвен притисок.
Рендгенските снимки откриваат како корона вирусот (COVID-19) им ги уништил градите и респираторниот систем на сличен начин како САРС и МЕРС.
Фотографиите се објавени со дозвола на пациентите.
Лицата кои биле заболени од корона вирус когс биле примени на лекување биле во критична, но стабилна состојба кога биле примени на интензивното одделение.
Снимка од градите на 25 годишно момче
Во Клиничкиот центар во Крагуевац претходната недела од сезонски грип животот го изгуби дваесет и петгодишно момче.
Генералниот директор на КЦ проф. др Предраг Саздановиќ потврди за медиумите дека пациентот имал атипични симптоми во однос на коронавирус.
„Во прашање е Инфлуенца А, на сезонскиот грип. Имаше срцева слабост и слабост на градите. Тој 10 дена чувствувал слабост на организмот, а ние во саботата инсистиравме да биде хоспитализиран, на што се согласи во попладневните часови. Префрлен е на коронарната единица и за жал ја изгуби битката“, изјави за медиумите директорот на клиниката Саздановиќ, а пренесе српскиот Телеграф.
Хирургот Владимир Ѓорѓевиќ од Крагуевац на Твитер објави фотографија од пациентот со разлика од еден ден, за да укаже на опасноста од вирусот грип и за да апелира до граѓаните да не се лечат со „ракија и лук“.
Razlika 1 dan pic.twitter.com/yjBuHw1A5b
— Vladimir Djordjevic (@V_MadnessMaster) March 10, 2020
„Нема тука што да се објаснува, не можам тука да држам курс по медицина. Разликата е толку воочлива, затоа ги закачив како разгледница посебно за оние што се лечат со ракија и лук“, напиша докторот Ѓорѓевиќ на својот Твитер. Како што и самиот тврди, сликите на пациентите што го изгубиле животот од обичен вирус и коронавирус се исти.