Нов производ од Ријана со кој кожата ќе ја обоите во златно

Производ наменет за дами што обожаваат екстремен сјај

Последниот албум на Ријана е издаден во 2016 година, но затоа на деловен план со својот козметички бренд растура. Пејачката за оваа пролет реши повторно за својот бренд „Fenty Beauty“ да го лансира течниот „хајтлајтер“ за тело „Body Lava“, но овој пат со едно изненадување.

ADVERTISEMENT

Имено, покрај познатите нијанси „Who Needs Clothes?!” (со впечатлив сјај на розово злато) и бронзената „Brown Sugar“ новата „Body Lava“ се вика „Trophy Wife“ и ни доаѓа во суптилна златна нијанса.

Оние што ги следат новите производи на брендот на Ријана многу добро знаат дека Trophy Wife е име на хајлајтерот кој предизвика најмногу внимание пред лансирањето на „Fenty Beauty“ линијата бидејќи станува збор за прашест производ со екстремен и впечатлив златен сјај.

Сега исиот доаѓа со својата гел формула за цело тело која сигурно ќе ги привлече љубителките на силниот сјај.

 

Facebook Comments
(Visited 119 times, 1 visits today)