Шехерзад објави потpecна фотографија од болницата по породувањето и ја ВОЗНЕМИРИ јавноста – дали е сé во ред со малата Лејла?
Актерката сподели емотивна порака
При крај на минатата недела популарната Шехерзад се породи и на свет донесе трето дете, овој пат девојче.
Како што уште на текот на летото одлучија, Шехерзад и Онур, на својата ќерка ќе и го дадат името Лејла.
Една од најпознатите турски актерки, Бергузар Корел, која што се прослави со улогата на Шехерзад во „Илјада и една ноќ“ ова и е трето породување.
По првите две машки деца, убавата актерка сега доби девојче, а како што самата откри во една пригода, нејзиното име го избрала уште за време на втората бременост, кога била сигурна дека ќе роди женско дете.
И бидејќи тогаш се до породувањето не сакала да го дознае полот на бебето, името останало за следна прилика, а на синот му го дале името Хан.
Бергузар по породувањето од болницата сподели црно-бела фотографија и ги загрижи своите бројни фанови.
Имено, многумина беа загрижени нешто да не и се случило на Лејла, посебно заради нејзината „необична“ порака.
„Дојде во вистинскиот момент… Штом прв пат ги отвори очите и погледна во животот, сфатив дека од сега нема баш се да биде под мја контрола“, напиша актерката под фотографијата.
„Како да истрчав долг и напорен маратон… Малку сум изморена, малку загрижена, многу збунета и многу среќна. Фала му на небото, и Лејла и јас сме со добро здравје. Сакам на сите да им се заблагодарам за убавите желби, молитви и пораки. Тоа ни даваше сила.
„Ви благодарам за животот. За сé“, напиша Шехерзад очигледно уште под силни емоции од породувањето.
Инаку Бергузар и нејзиниот сопруг Халит Ергенч покај ќерката Лејла ги имаат и синовите Али и Хан.
Името Лејла е со арапско потекло и значи „ноќ“, но не било која туку „многу мрачна и долга ноќ, најубава од сите“.
Познатиот арапски лексикограф Ибн Мазур значењето на името го опишува како „ноќ по која е наречена жената“.
Бергузар се породи во Истанбул, а за медиумите беше потврдено дека и мајката и ќерката се добро.
Фото: Инстагрм/ Бергузар Корел
Фото: Инстагрм/ Бергузар Корел
Фото: Инстагрм/ Бергузар Корел
Фото: Инстагрм/ Бергузар Корел
Фото: Инстагрм/ Бергузар Корел
Фото: Инстагрм/ Бергузар Корел
Фото: Инстагрм/ Бергузар Корел
Фото: Инстагрм/ Бергузар Корел
Фото: Инстагрм/ Бергузар Корел
Фото: Инстагрм/ Бергузар Корел
Фото: Инстагрм/ Бергузар Корел
Фото: Инстагрм/ Бергузар Корел
Фото: Инстагрм/ Бергузар Корел
Фото: Инстагрм/ Бергузар Корел