Шеф Никола од „Брза кујна“ рипна во тавче – погледнете како изгледаа невестата и младоженецот на интимната прослава

Наместо класична свадба, решија да направат свадбена журка

Никола Мишковски, попознат како шеф Никола од кулинарското шоу „Брза кујна“, викендов направи свадбена прослава. Тој и неговата девојка Стефанија се заколнаа на вечна љубов минатата недела, а овој викенд направија интимна забава за своите најблиски и роднини.

ADVERTISEMENT

За оваа пригода младоженецот носеше костум во сина боја и патики, додека невестата блескаше во својата венчаница со отворено деколте и куси ракави.

Невестата на готвачот е бремена, така што Никола и Стефанија наскоро ќе се остварат и во улога на родители.

На прославата беше и неговата колешка, симпатичната водителка Александра Илиевска и шефот Марк.

Инаку, ова му е втор брак на 35-годишниот Никола. Тој претходно беше во брак со Маја со која има едно дете.

Фото: Фејсбук
Facebook Comments
(Visited 2.687 times, 1 visits today)