Шеф Марк и неговата сакана Василка го прославија „Свети Трифун“, но и ПРАЗНИКОТ НА ВЉУБЕНИТЕ и еве како си поминаа!
Шеф Марк де Јонг и неговата убава сопруга Василка го прославија и Денот на вљубените и Свети Трифун.
Со убаво друштво тие отидоа во винаријата Лазар каде уживаа во виното, но и меѓусебната љубов.
Прегрнати и насмеани Марк и Василка позираа покрај виновите лози, а Василка во рацете држеше цвеќе најверојатно подарок од нејзиниот сакан по повод денот на вљубените.
Двајцата уживаа и во романтичен ручек, каде решија да станат и да запеат и танцуваа, а целата атмосфера шеф Марк ја сподели на својот Инстаграм профил.
Шеф Марк Де Јонг стана познат по кулинарското шоу „Брза кујна“ кое го гледаме секој работен ден на ТВ Сител и заедно со шеф Никола и шармантната водителка Сања се трудат да дадат идеи за брзи и вкусни јадења.
Заедно со неговата сакана тие често патуваат и уживаат во љубовта.
Тој заедно со својата сопруга Василка неодамна беа на Малдиви, а се пример за тоа како треба да изгледа вистинска љубов.
Двајцата гостуваа во „Магазин“ на Сител, па открија дека живеат од другата страна на Водно, Сопиште и уживаат во пејзажите кои ги нуди природата.
Василка во интервјуто откри дека на 50-от роденден си ветиле еден на друг дека ќе уживаат во секој ден поминат заедно, па со оглед на тоа дека се авантуристи двајцата уживаат во патувањето.
Василка и Марк имаат две деца, син и ќерка, кои живеат во Белгија
Харизматичниот готвач скоро во секоја емисија ја поздравува својата сакана и упатува пофалби за нејзиното готвење.